Тренд // Стил
Според жените, парфемот кој ги привлекува кај мажите се вика Gentlemen only absolute Givenchy
- 11 Ноември, 2024
Веб-страницата Faveable спроведе анкета и им даде на жените 97 машки мириси за тестирање. Според нив, Gentlemen only absolute на Живанши е на самиот врв.
Зошто?
Мирисот е богата варијанта на џентлменот во своето најдобро издание. Наменет за префинет и елегантен маж, овој парфем е инспириран од високата мода на куќата Живанши. На жените им создава чувство на неверојатна привлечност и некоја чудна топлина...
Остриот, малку метален бергамот на врвот води до топло срце кое содржи трио зачини: морско оревче, цимет и шафран. Сензуалната комбинација на сандалово дрво и ванила ја обвива основата на парфемот.