СПОРТ ЛАЈФ ОБЛОЖУВАЛНИЦИ РЕДОВНО ГИ ПОДДРЖУВААТ СПОРТСКИТЕ И ХУМАНИТАРНИTE НАСТАНИ

Sport Lifeобложувалниците, заедно со „Sportlife Gamingавтомат клубовите во изминатите месеци,остварија повеќе донации и спонзорства, како дел од стратегијата за општествена одговорност на компанијата.

„Активно учествуваме во поддршката на спортот и развојот на општеството, особено на иницијативите од локален карактер и хуманитарните акции, бидејќи афирмацијата на спортот е потребна на сите нивоа.“

Ќе споменеме дел од нив:

- Ракометен клуб „Партизан“ – Гевгелија, спонзорство за набавка на спортска опрема за сезона 2023/2024,

- Ракометен клуб „Охрид“ донација за потреби за сезона 2023/2024,

- Меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов-Сокол“ – повеќегодишна соработка и поддршка на турнирот,

- Хуманитарен турнир во кошарка „Мирослав Статиев Миро“ 3х3 во општината Ѓорче Петров,

- турнир во табла во Галичник.

Од проектите со хуманитарен карактер, оваа година реализирана е донација за потребите на Здружението за хумано-општествен развој „Проект среќа“ за настанот „Шарено лето 2023 – Запознај ја Македонија“ преку кој децата од социјално ранливите категории и децата без родители од целата држава имаа можност за прв пат да отидат на летен одмор и да ги посетат убавите туристички места во Македонија.

Исто така, остварена е соработка со општините Кочани и Македонски Брод, преку донација за поддршка на традиционалните манифестации – „Оризијада “ во Кочани и „Костенијада“ во Македонски Брод.

„Ова се само дел од проектите. Стратегијата за корпоративна и општествена одговорност, ни овозможува, како компанија да креираме и поддржуваме и подолгорочни проекти од општествен и хуманитарен карактер, на кои им се посветуваме и со кои традиционално соработуваме.“

ПР објава