СРБИЈА ПРВА ВО СВЕТОТ ПО СМРТНОСТ, А КАДЕ Е МАКЕДОНИЈА НА ЛИСТАТА НА ЦИА: Еколозите привлекоа внимание со ова!

Кога станува збор за листата за Европа, земјите од поранешната југословенска република се во многу подобра позиција. Хрватска е на 10 место, Словенија на 28, Црна Гора на 30, Босна и Херцеговина на 32, а Македонија на 42 место на листата...

Според листата на ЦИА, која прави споредба во 229 земји во светот, но и поединечно по континенти, според овогодинешната анализа Србија е убедливо на прво место по стапка на смртност. Имено, соседната земја има коефициент од 16,39 смртни случаи на 1.000 жители годишно.

Тој коефициент, посочуваат на веб-страницата, се пресметува како просечен годишен број на смртни случаи на 1.000 жители во средината на годината.

На првите десет места Србија ја следат Романија, Литванија, Летонија, потоа Бугарија, Украина, Русија, Естонија, Белорусија и Хрватска. Сите овие земји се европски, па затоа истата група ги зазема првите десет места на листата на европски земји со најголема смртност.

Кога станува збор за листата за Европа, земјите од поранешната југословенска република се во многу подобра позиција. Хрватска е на 10 место, Словенија на 28, Црна Гора на 30, Босна и Херцеговина на 32, а Македонија на 42 место на листата.

Целиот текст на ФАКТОР