Стефан Ристовски: Репрезентацијата е во некој пад, доаѓа нова генерација која треба да гледа напред

Динамо Загреб запиша пораз од Челзи иако прв поведе во Лондон, шампионот на Хрватска како последен ги заврши настапите во групата Е во Лигата на шампионите.

Аријан Адеми и Стефан Ристовски беа стартери за Динамо на овој натпревар. Капитенот на македонската репрезентација, Стефан Ристовски играше до 70 минута.

Во изјава за „Антена 5“ од Македонија по мечот во Лондон меѓу Челзи и Динамо Загреб, Ристовски најави дека во репрезентацијата доаѓа генерација која треба да гледа напред и да се труди да реди успеси, а пред дуелите на националниот тим со Англија.

„Тешко е од оваа гледна точка, клупскиот натпревар да се пренесе на репрезентативен план, јас лично ќе давам максимум додека нозете ме служат, сега сме во некој пад во репрезентацијата, фудбалот е таков, ако не победиш ќе те победат, доаѓа некоја нова генерација која треба да гледа напред и да се труди да реди успеси“ изјави Ристовски.

Ристовски поради повреда не настапи за Македонија против Бугарија.

Средбата меѓу Англија и Македонија на „Олд Трафорд“ се игра на 19 јуни 2023 година, потврди англиската Фудбалска асоцијација.

ФОТО: ГНК ДИНАМО/ТВИТЕР