Стравот од неефикасноста на сегашните вакцини против новите мутации ги поткопа надежите за брзо решавање на пандемијата: Љупчо Проданов, научник
Д-р Љупчо Проданов е раководител на Оддел за имунологија во глобалната биофармацевска компанија UCB во Велика Британија и Ирска. Тој е научен работник со импресивна кариера, добиена во реномирани научни инситутици, универизитети и компании каде што учел и работел последните две децени. Академската титула доктор по медицински науки ја стекнал во 2012 година на Универзитетот „Радбaуд“ во Холандија во соработка со Европска вселенска агенција. Магистрирал молекурално биоинженерество на Техничкиот универзитет во Дрезден, во Германија во 2008 година. Дипломирал молекуларна биологија на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски “ во Софија, Бугарија. Работел на пост докторски истражувања на Институт за технологија во Масачусетс (МИТ), Медицинскиот факултет Харвард, Бостон, САД. Д-р Проданов има големо работно исксуство во сферата на клинички истражувања, кое го стекнал работејки во повеќе реномирани светски глобални биофармацевтски компании и научни институции. Во неговата импресивна биографија има многу награди и презентации на многу научни конгреси во Велика Британија и ширум светот.Како научен соработник и доктор по медицински науки, има работено во повеќе научни области како што се: автоимуни заболувања, имунологија, матични клетки, метаболизам на црниот дроб, остеопороза, остеоартритис, ревматологија, дерматологија, гастроентерологија, срцева физиологија, фармакологија и фармакодинамика.
*Имате импресивна работна биографија, но и академска. Дали вашиот успех е триумф на упорност зачинета со многу пот, од искачувањата на скалилата кои водат до врвот?
-Како и други наши македонски научници, коишто решија да се занимавaат со научна дејност надвор од Македoнија и да го следат својот сон, така и јас тргнав по мојот сон и жед за знаење. За мала држава како Македонија и не сме толку малку. Нѐ има низ светот и познавам неколку наши доктори по науки коишто моментално работат низ светски реномирани научни институции, универзитети и компании. Би рекол дека и мојот пат не е поразличен од нивниот. До успех се стигнува со многу упорност, работа, несони ноќи и труд. Генерално погледнато, за секоја една професија во една туѓа држава, конкуренцијата е огромна и за да успее еден човек како странец во туѓа држава, треба да работи двојно или тројно повеќе, споредено со родените граѓани во таа држава. Но, во исто време да биде многу отворен како личност и борбен во својот пат.
Горд сум што учев од врвни светски експерти
*Какви беа вашите искуства како ученик и студент? Како го „преживеавте“ македонското образование, што би промениле најмногу кога би имале некаква моќ?
- Интересно прашање. Излегов од струмичката гимназија „Јане Сандански”, која се сметаше за втора по квалитет во Македонија за тоа време. Веројатно бев во последната генерација што имаше шанса да учи во еден посолиден образовен систем,којшто исто така имаше недостатоци. Имав доста проблеми со некои просветни работници, кои покажуваа интерес само кон децата чии родители беа на функции. Како дете од семејство на работници, барав правда и се борев против таквите појави. Но, во исто време и не бев доволно мудар да знам како да се справам со сето тоа, па и самиот правев многу грешки во мојата борба за рамноправно образование.Секој просветен работник никогаш и никаде во светот не треба да оценува едно дете според професијата на неговите родители. Секое дете заслужува подеднаква шанса за образование и знаење.Кога би имал моќ, би инвестирал само во образование и би се борел да ги искоренам сите неправди кон децата во училиштата. Образованието е столб на едно здраво општество и секоја држава треба да инвестира многу во него. Зошто? За да бидеме во состојба да формираме едно подобро и поздраво општество за живеење, со познавање и почитување на правата и законите. Во општество во кое луѓето си помагат едни на други, работат за колективното добро но во исто време образование кое ќе ни овозмози да одиме напред, рака под рака со останатите држави ширум светот.
*Која е најважната лекција што ја научивте во светилиштата на науката?
- Образованието и знаењето се моќ и сила во светот коишто ги рушат бариерите на човечките можности. Во исто време, ни ја покажуват важноста на напорната работа и труд. Светските топ универзитети се места на многу труд, иновација, судир на идеи и персони, места каде што се крои иднината на човештвото. Во Харвард имав среќа да работам во групата на еден неверојатен професор и ментор, кој ми ги отвори вратите кон иднината и ми покажа како да гледам низ призмата на научните истражувања за доброто на човештвото.
Целото интервју на Д-р Љупчо Проданов, раководителот на Одделот за имунологија во глобалната биофармацевска компанија UCB во Велика Британија и Ирска прочитајте го на Женски магазин.