Судиска анализа, 13 коло ПМФЛ и 10 коло ВМФЛ, одлична соработка и добри проценки

ФФМ ја обајви најновата судиска анализа за средбите викендов, во ПМФЛ се играше 13 коло, додека во ВМФЛ  на програмата натпревари од 10 коло.

Според анализата на судиската комисија, викенд програмата во двете конкуреции донесе добро судење.

АНАЛИЗА:


Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 13 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот  ФК. Струга Т.Л. - ФК. Брегалница  одигран на 30.10.2022 година, анализирани се ситуациите од 24, 53 и 77 минута.

Главен судија: Благојче Ралевски .Помошни судии: Куштрим Лика и Зоран Јанкулоски.

24 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Недосудено офсајд позиција)

Играч од нападот на гостите додаде топка до свој соиграч кој во моментот кога му е додадена топката се наоѓаше  во линија со предпоследнниот играч од одбраната на домакините, истиот играч ја прими топката и постигна гол.

Исправна одлука на првиот помошен судијата, голот е регуларен, бидејки играчот од нападот на гостите при додавањето на топката од соиграчот беше во линија со предпоследниот играч од одбраната на домакините.

53 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на домакините во шеснаесетникот на гостите сакаше да додаде топка до соиграч, но истата го удри играчот од одбраната во рака, која му беше спуштена до телото, во природна положба и мало растојание меѓу двата играча.

Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи, бидејки топката кога го удри играчот во раката беше во природна положба, исто така судијата во оваа ситуација е одлично поставен и има добра прегледност.

 77 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри),

 ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недоделен црвен картон)

Играч од екипата на домакините влегува странично во петерец сам пред голманот на гостите и во тој момент е турнат од гостински одбрамбен играч од позади (во грбот) со рака, напагачот губи чекор и паѓа, главниот судија со двоумење но оправдано досудува удар од 11 метри, и доделува жолт картон.

Исправна одлука на главниот судија за досуден удар од 11 метри (туркање од позади грб), меѓутоа погрешна одлука на главниот судија за доделена дисциплинска мерка жолт картон. Во оваа ситуација судијата треба да додели ЦРВЕН картон на играчот на гостите за туркање, бидејки напаѓачот на домакините се наоѓаше во очигледна шанса за гол (сам пред голман).

На натпреварот  ФК.Силекс – ФК.Шкендија одигран на 30.10.2022 година, анализирана е ситуацијата од 81 минута.

Главен судија: Стојанче Трпчевски. Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов.

81 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (доделен црвен картон)

На средина од теренот,  играч од екипата на гостите со отворен ѓон директно во тело удира противнички играч.

Исправна одлука главниот судија што додели директен црвен картон, бидејки ваков груб старт врз противнички играч со отворен ѓон направен на било кој дел од теренот мора да се оквалификува со директен црвен картон.

На натпреварот  ФК.Академија Пандев – ФК.Работнички одигран на 30.10.2022 година, анализирани се ситуациите во 19, 40, 51 и  74 минута.

Главен судија: Јован Качески. Помошни судии: Давор Цветаноски и Мартин Дејаноски.

19 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( Недосудено офсајд позиција)

Играч од нападот на гостите шутира кон голот на домакините, во момент на шутот, соиграч на играчот што шутира се наоѓа во линија со претпоследниот одбрамбен играч, натрчува на одбранбетата одбиена топка и постигнува регуларен гол.

Исправна одлука на првиот помошен судија кој е одлично поставен и концентриран, дозволува играта да продолжи и постигнатиот гол е регуларен.

40 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен втор жолт-црвен картон)

Централно пред клупите на гостинската екипа, домашен играч несмасно го превзема целосно ризикот на својот старт кој со интезитет удира противнички играч во пределот на под коленото.

Исправна одлука на главниот судија што додели втор жолт (црвен картон) бидејки за ваков непромислен старт на било кој дел од теренот мора да се додели жолт картон.

51 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (  НЕ Досуден удар од 11 метри)

Играч на домакините е во посед на топката и влегува помеѓу два одбрамбени играчи во

16-сетникот на гостите, притоа сака да искористи минимален контакт и паѓа.

Исправна одлука на главниот судија кој се наоѓа во идеална позиција и не досудува удар

од 11 метри и дозволува играта да продолжи.

74 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( Недосудено офсајд позиција)

Играч од нападот на гостите шутира кон голот на домакините, во момент на шутот, соиграч на играчот што шутира се наоѓа во линија со претпоследниот одбрамбен играч, натрчува на одбиената топка од пречката и постигнува регуларен гол.

Исправна одлука на вториот помошен судија кој е одлично поставен и концентриран, дозволува играта да продолжи и постигнатиот гол е регуларен.

На натпреварот  ФК.Тиквеш – ФК.Победа одигран на 30.10.2022 година, анализирана е ситуацијата од 39 минута.

Главен судија: Фуркан Идризи .Помошни судии: Мартин Петковски и Александар Ѓорѓески.

39 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( Досудено офсајд позиција)

Играч од нападот на домашните центрира од десната страна. Во момент на додавањето соиграч на играчот кој центрира се наоѓа понапред од претпоследниот играч и топката и постигнува гол.

Исправна одлука на првиот помошен судија, голот е исправно поништен и досудено офсајд позиција, бидејки играчот од нападот во момент на додавање на топката од соиграчот се наога понапред од предпоследниот играч од одбраната на гостите.

На натпреварот Македонија Ѓ.П. – Шкупи немаше спорни ситуации за анализирање.

 Судиска анализа на 10 коло од ВТОРА МФЛ за сезона 22/23

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 10 коло на ВТОРА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот ФК.Вардар – ФК.Воска одигран на 29.10.2022 година анализирана е ситуацијата од 76 минута.

Главен судија: Александар Ставрев. Помошен судија: Дејан Костадинов и Гоце Петрески.

76 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)

Центрирана топка централно во шеснаесетникот на екипата на домакините, голманот  од домашните неспретно ја боксува топката и таа удира во рака на одбрамбен играч која рака е одвоена од телото и е во неприродна положба (зголемен волумен на тело).

Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри.

На натпреварот ФК.Детонит - ФК.Локомотива Пехчево одигран на 29.10.2022 година анализирани се ситуациите од 29, 30, 35 и 73 минута.

Главен судија: Марјан Стојановски. Помошен судија: Петар Степановски и Осман Зекири.

29 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ Досуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на гостите додаде топка во празно, на топката стартуваа два противнички играчи тело со тело, ремплање.

Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи, односно топката да излезе во корнер.

30 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)

Центрирана топка од корнер централно во шеснаесетникот на домакините, на топката скокаат два противнички играчи, во тој момент на играчот на гостинската екипа кој скока на топка со глава е направен прекршок (користење рака-лакт во дуел за топка) од домашен одбрамбен играч.

Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри за неспортски направен прекршок (удар со рака-лакт) и исправно доделен жолт картон..

35 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ Досуден удар од 11 метри)

Играч од домашната екипа продира по десна страна и влегува во 16-тникот на гостинската екипа. Врз него без интензитет стартува (блокира) гостински одбрамбен играч со минимален контакт кој домашниот напаѓач умешно го искористува и преувеличува и паѓа.

Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи бидејки контактот е мимимален и не доволен за да се досуди удар од 11 метри.

73 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА И ВТОРИОТ АСИСТЕНТ СУДИЈА (НЕ Е Досуден удар од 11 метри)

Домашен играч  центрира топка од десната страна во близина на вториот асистент судија, топката го удира гостинскиот одбрамбен играч во рака која рака е во неприродна положба и зголемува волумен на тело, но за цело тело се наоѓа надвор од 16-тникот.

Одлична соработка ГЛАВЕН-ВТОР АСИСТЕНТ И Исправно досуден само слободен удар, бидејки играњето со рака беше надвор од  шеснаесетникот, а вториот асистент судија имаше одлична поставеност и прегледност за проценка на целата ситуација.

На натпреварот ФК.Борец- ФК.Караорман одигран на 29.10.2022 година анализирана е ситуацијата од 13 минута.

Главен судија: Кирол Смоквоски. Помошен судија: Иле Мишески и Борис Трајков.

13 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ Досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на гостинската екипа центрира топка по левата страна во 16-тникот, центрираната топка го удира одбрамбен играч в рака која во моментот на контакт со топката се наоѓа во природна положба.

Исправна одлука на главниот судија, дозволи играта да продолжи бидејки раката на играчот беше во природна положба и блиску до телото.

На натпреварот  ФК.Тетекс – ФК.Слога В. одигран на 30.10.2022 година, анализирана е ситуацијата од 70 минута.

“Главен судија: Дени Лековски .Помошни судии: Владимир Митревски и Николче Дрнковски.

70 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Недосудено офсајд позиција)

Играч од нападот на гостите додаде топка до свој соиграч кој во моментот кога му е додадена топката се наогаше  во линија со топката, истиот играч постигна гол кој е регуларен.

Исправна одлука на првиот помошен судијата, голот е регуларен бидејки во момент на додавање на топката играчот од екипата на гостите се наоѓа во линија со топката и постигнатиот гол е регуларен.

На останатите натпревари од 2 МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.