Супер поволни бизнис кредити од УНИБанка кои нудат бројни предности за бизнисите!
УНИБанка уште еднаш потврди дека е банка која го следи пулсот на бизнис заедницата која креира кредитни производи според нивните очекувања и потреби. Последен во низата е Супер брзиот бизнис кредит кој е со фиксна каматна стапка, наменет за купување или изградба на објект и додатни инвестиции во бизнисот или рефинасирање од други банки, за обртни средства, нови машини или финансирање на други тековни потреби.
Овој супер брз кредит е со износ до 30.000 евра, со каматна стапка од 6.40% која е фиксна првата година, без трошоци за разгледување на барањето промотивно до 31.12.2023 г.
За него не треба да заложите хипотека, при што рокот на доспевање е 5 години со вклучен грејс период од 6 месеци. Процедурате е брза, што го прави особено интересен и прифатлив за сите оние мали и средни бизниси кои сакаат за кратко време да реализираат одредена бизнис инвестиција.
За поголемите и подолгорочни бизнис планови и инвестиции, УНИБанка Скопје го воведе Хипотекарниот Бизнис Кредит кој е со износ до 100.000 евра, со рок на отплата до 10 години, и со вклучен грејс период од 12 месеци. За негово добивање е потребна хипотека, а промотивно до 31.12.2023 е без трошоци за разгледување на барањето, додека можеби и најважно каматната стапка е атрактивна и изнесува само 4.90%.
Овој хипотекарен кредит може да се искористи за инвестиции во купување или изградба на објект, за нови машини и додатни инвестиции во бизнисот, за рефинасирање од други банки, како и можност до 30% од износот да се користи за обртни средства за набавка на репроматеријали и трајни обртни средства.
УНИБанка Скопје е партнер, консултант на своите клиенти нудејќи им бројни предности за нивните бизниси. УНИБанка Скопје и понатаму ќе остане ориентирана кон потребите на бизнисите и ќе се стреми да ги поддржи нивните потреби и очекувања, креирајќи производи, услуги и сервиси како би им овозможиле остварување на целите и максимални деловни постигнувања.
ПР објава