СУПЕРКУП „ДРАГАН ВАСИЛОВ-ЦЕВКА“ 2022: Баскет Кам 2011 го освои трофејот
Кошаркарките од Македонска Каменица подобро го отворија натпреварот. Во уводните три минути направија предност (10:2). Но „“баделки“ возвратија веднаш...
Брзо ја стигнаа предноста на противникот. Дојдоа до (9:10), и од тој момент играта беше рамноправна. Без сериозни резултатски „отскокнувања“ на двете страни. По тројката на Поп Димитровска, „гостинките“ повторно поведоа, сега со (18:13). А по тројката на Николов, Баскет Кам 2011 ја затвори првата четвртина со водство од (21:17).
По нешто повеќе од три минути од втората четвртина, девојките во сино стигнаа и до првото двоцифрено водство. Резултатот беше (29:19) во корист на екипата која сепак во летниот преоден рок направи нешто помали промени во играчкиот ростер. Нешто потоа, разликата беше уште повисока (34:19), што го примора тренерот Перо Стамески на минута одмор.
Димова имаше максимален ефект, ги реализира сите пет обиди од поле (плус и три слободни фрлања), заокружен со 13. поени, ја следеше Адамовска со осум реализации, за уште повисоки (39:22) по 17.минути игра од натпреварот во Суперкупот „Драган Василов-Цевка“ во СРЦ „Кале“.
Очекувано, на другата страна од теренот, Кетлин Матие доминираше во рекетот, брзо стигна до двоцифрен број на поени, половина од бројот на реализацијата тимските – 11 (плус и пет скока). Со тројката на капитенот Лазареска, намалија кошаркарките во „сино-жолта“ комбинација и на (31:42), но Милованова со „два плус еден “ игра, постави високи (45:31), за актуелниот победник во Купот на Македонија.
Повеќе од три минути екипата од Македонска Каменица беше без реализација, па веднаш, на почетокот на второто полувреме, новиот тренер Златко Гоцевски, повика тајм-аут. Јасно и поради што, противникот ја направи негативата едноцифрена - (36:45).
Без ефект, затоа што противникот ја продолжи серијата на (16-0), за промена на водството, Бадел 1862 поведе со (47:45).
„Празниот чекор“ на Баскет Кам 2011 траеше скоро девет минути. Пред Димова да реализира едно слободно фрлање. За таа неверојатна четвртина Бадел 1862 ја добие со (16-1), и во четвртината на одлука да има поен вишок (47:46).
Матие (стрелец на 22.поени) доби поентерска поддршка од Димитријевиќ (реализираше 10).
Гостинската екипа го прекина „поентерскиот пост“ на почетокот на последниот период кој го отворија со своја серија од (9-2). За враќање на предноста на своја страна (55:49).Го искористија кризниот период на противникот да ја зголемат позитивата и на (61:51) во средишниот дел од четвртината на одлука.
Но тоа не беше гаранција за триумф. Бадел 1862 се врати, стигна до (61:64) пред последните две минути. Минута подоцна, Димова бее половина од линијата за слободни фрлања, за нешто повисоки, (65:61) кои се покажаа и како недостижни за видно подмладениот состав на Бадел 1862.