Свештеникот Дејан има 5 деца: Што им велат луѓето кога ќе ги видат?
Свештеникот Дејан Трипковиќ е од Ваљево- Србија. Татко е на пет деца и едуцира младите луѓе и осудени малолетни лица во градот Колубара. Живее во стан со сопругата Снежана и петте деца.
Семејството Трипковиќ- Дејан, Снежана, Василије, Максим, Јован, Јована и Нина се воспитани во духот на православието.
Сите заедно одат на утринска литургија за големите верски празници, да се соберат во црква заедно, да се помолат на Бог и да се причестат.
Отец Дејан е свештеник во Храмот на Воскресение Христово и духовник во казнено-поправниот дом за малолетници во Ваљево.
Сопругата Снежана е апсолвент на Теолошки факултет и се надева дека наскоро ќе најде време да ги заврши своите студии.
Кога имате пет деца, потребно е многу трпеливост, но и добра организација.
Имамаат огласна табла во кујната.
- Тешко е да се запомнат сите информации кои децата ни ги кажуваат за училиштето, па тоа е причината зошто во кујната имаме огласна табла. Сите се регистрираат таму кога имаат состанок со родители, настани, Василиј и Нина исто така закажуваат распоред за музичко училиште, а јас ги впишувам датумите за систематски прегледи. Таа табла е наше спасение – вели Снежана и признава дека не е секогаш лесно да се подмират сите обврски околу децата.
- Кога луѓето во град нè гледаат со деца, тие честопати не прашуваат: „Дали се сите ваши?“- додава Снежана.
- Морам да ги пофалам нашите соседи. Живееме во зграда и никој досега не се пожалил за нас. Сега, ние или сме добри или тие страдаат многу - се шегува свештеникот Дејан.
- Ние ги учиме децата на христијански вредности, односно, човечки вредности. Ние ги учиме да бидат свои, отворени за други луѓе и култури, да се почитуваат едни со други и различностите. Им порачуваме дека мнозинството не мора секогаш да биде исправно и дека и покрај тоа што лажните модели се пропагираат во медиумите и на социјалните мрежи, светот од другата страна не е ист- потенцира отецот.
И, како што ги поучува своите деца, отец Дејан се обидува веќе шест години да им помага на осудените лица во казнено- поправниот дом за малолетници во Ваљево. Тој им помага да се вратат на вистинскиот пат и, ако барем еднаш помогнале, неговата мисија успеала.
- Има осудени млади луѓе на возраст меѓу 16 и 23 години кои извршиле разни престапи, од најсериозната до ситни кражби. Зборувам со нив, ги советувам да го користат своето време во институтот мудро, да работат сами на себе, така што ќе бидат подготвени да се соочат со светот кога ќе излезат од таму. Надежта за младите е поголема отколку кај постарите бидејќи тие се поотворени и со поголема веројатност да се променат - посочува отец Дејан.