Светот на колена: Наскоро ќе има 10 милиони луѓе заразени со КОВИД-19
Пандемијата
на коронавирус не опаѓа, згора на тоа, се најавува со недели и месеци кои ќе бидат мрачни за планетата.
Наскоро ќе има 10 милиони луѓе заразени соКОВИД-19 во светот, а економските прогнози воопшто не се розови.
Мајкл Рајан, директор на службата за итни случаи во Светската здравствена организација (СЗО), вчера забележа „постојан и загрижувачки тренд, со тоа што голем број на земји имаа порастод 25 отсто на 30 отсто минатата недела“.
„Епидемијата се шири брзо на американскиот континент, особено во Централна и Јужна Америка“, рече тој. „За жал, пандемијата сè уште не достигна врв во многу земји на американскиот континент“, додаде тој.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Габриеус, на истата виртуелна конференција изјави дека организацијата „објавила помалку од 10 000 случаи на заболување во првиот месец од епидемијата. Скоро 4 милиони случаи се пријавени минатиот месец. Очекува да достигне вкупно 10 милиони следната недела“.
Тој ја пофали одлуката на саудиските власти да го одобрат годинашниот аџилак во Мека за само илјада луѓе, истакнувајќи дека тоа е „уште еден пример на тешка одлука што сите земји мора да ја донесат за да му дадат приоритет на здравјето“.
Најмалку 478.818 мртви
Според пресметките на „Франс Прес“, врз основа на официјални извори, новата пандемија на коронавирус убила најмалку 478.818 луѓе во светот, откако Кина официјално ја пријавила епидемијата во декември.
Во 196 земји и територии, официјално се дијагностицирани повеќе од 9.326.400 случаи на инфекција со ковид-19, а сите експерти се согласуваат дека тој број е секако помал од реалниот.
Економистите на СЗО во средата ги ревидираа своите проценки за ефектите од вирусот врз светската економија.
ММФ предупреди дека оваа криза „не е како другите“ и не само што беше многу полошо од предвиденото, туку закрепнувањето ќе биде побавно од очекуваното.
Така, светската економија се очекува да падне за 4,9 проценти оваа година: многу повеќе од прогнозата од 3 проценти во април, во екот на пандемијата, кога ММФ веќе предупредуваше дека тоа е најлошата криза од големата економска криза од 1930-тите. .
Паѓање на БДП
Во некои земји, особено европските, бруто домашниот производ пропадна: во Франција - 12,5 проценти, во Шпанија и Италија - 12,8 проценти.
Иако се очекува светскиот БДП да порасне за 5,4 проценти во 2021 година, ММФ признава дека оваа прогноза е најнеизвесната досега.
Реинтеграција на мерки
Во некои европски земји, кои по наводно поволна здравствена статистика сметаа дека избегнале катастрофа, оптимизмот исчезнува и сеништето на вториот бран кружи меѓу официјалните лица и јавноста.
Во Словенија, повторно е задолжително да се носи маска на јавни места и во јавен превоз. Во Хрватска е воведен карантин, која беше укинат, за патниците кои доаѓаат од балканските земји, каде бројот на заразени лица повторно расте.
Прославите и јавните собири „ги загрозуваат со месеци заеднички напори“ инвестирани во борбата против коронавирусот, предупреди белгискиот премиер Софи Вилмс.
САД, кои имаат скоро 330 милиони жители, имаат најлоши показатели во апсолутна смисла: повеќе од 121,000 мртви и 2,3 милиони болни.
„Следните две недели ќе бидат клучни“ како одговор на „загрижувачката“ прогресија на болеста, предупреди Ентони Фаучи, главен епидемиолог на Белата куќа, велејќи дека е загрижен дека повеќе од 32.000 случаи на инфекција биле дијагностицирани за 24 часа во вторникот.