Светот повторно изненаден: Научниците нашле примероци на МАРС кои укажуваат дека некогаш таму имало вода

Неверојатни вести ни доаѓаат од научниците на НАСА.

Откриена е геологија на кратерот од роверот на НАСА на површината на планетата Марс а примероците покажуваат дека таму некогаш најверојатно имало вода.

Имено, карпите кои ги пронашол роверот Perseverance покажуваат промени поради изложеноста на вода, што е уште еден показател дека Марс одамна бил топол и влажен, пренесоа светските медиуми.

Научниците веруваат дека камењата, кои се формирани пред околу 3,5 милијарди години, би можеле да бидат седиментни, формирани како кал и песок на дното на езерото, објави Ројтерс.

- Всушност, не најдовме докази за седиментни карпи каде што роверот го истражувал дното на кратерот, и покрај фактот што знаеме дека кратерот некогаш имал езеро и дека седиментот мора да бил наталожен. Тие седиментни наоѓалишта веројатно еродирале - вели геохемичарот Кенет Фарли, главен автор на една од четирите студии објавени во списанијата „Science“ и „Science Advances“ кои ја опишуваат геологијата на кратерот.