Светот слушнал за ова наше место, а ние не го знаеме доволно

Неколку реномирани светски магазини во повеќе наврати ја спомнуваат нашата земја како егзотична дестинација која треба да се посети. Посебно Охрид со сите негови древни знаменитости. Но исто така, често е спомнато дека сме најмалку посетувана дестинација од регионот, иако земјата изобилува со фантастични места. Она што го советуваат да се потсети овде секако е и Кокино, Скопје, Матка, островот Голем град на Преспанско езеро, Битола, археолошките ископини, водопадите, манастирите, планините... Но, во повеќе наврати се спомнува нешто кое на странците им е многу интересно, а преставува вистински раритет.

Се работи за селата Свињишта и Речица- Охридско. Имено таму (Во Речица работи периодично), валавичарството, еден од најстарите занаети во Македонија, кој според одредени записи постои повеќе од 5 века, се уште е присутен, иако полека изумира.

Инаку, самиот поим значи природно перење на алишта, ткаенини, јоргани, јамболии, ќебиња, черги со потсретство на речната вода која прави вртлог. Се перат на природен начин, без потсретство на хемикалии. Потоа, нештата се закачуваат да се исушат, така што ќе најдете поле полно со облека и покуќнина обесени да се сушат на сонце.

Оние кои ги посочуваат овие места велат дека нема да најдете поуникатно еднодневно патување од Охрид или кој било друг град на Балканот и Европа, и затоа треба да пробате да одвоите време да ги видите овие културни локации!

Фото: Википедија

Принтскрин Youtube, Уште еден стар занает е пред изумирање (Телма)