Тајни и митови за Османлиските хареми
Толку многу мистерии остануваат околу
темата на харемите на Султанците (заради недопустливоста на надворешните лица)
што до денес, што и да е кажано, секогаш останува нешто да се реши.
Но, кога дел од приказната станува роман, се чини дека тогаш тоа време оживува пред нас, затоа што приказната ни дава многу повеќе – за врските, особеностите на тоа време и место.
Еве неколку интересни работи за харемите и митовите околу нив:
Дом на среќата
Самиот збор харем е со арапско потекло и значи забрането, свето место. До доаѓањето на исламот, Турците не ја познавале полигамијата, но во 10 век веќе ја прифатиле оваа традиција од Арапите. За време на отоманските султани, харемот бил наречен дом на среќата.
Местото
До шеснаесеттиот век, харемот на султанот се наоѓал во старата палата (на плоштадот Бајазид), кој го убедил султанот да дозволи да се пренесе во палатата Топкапи со своите робови. Подоцна, за време на владеењето на Султанците Селим Втори и Мурад III, биле изградени нови простории и харемот станал голем комплекс од 400 соби. За време на целото постоење на харемите (до почетокот на XX век), околу 400 убавици, од различни земји и племиња, поминале низ харемот во палатата Топкапи.
Кој станувал дел од харемот
Отпрвин, овие биле претежно киднапирани убавици или купени робови донесени од целиот свет. Зошто? Исламот забранува поробување на муслиманските жени, па во харемот биле вклучени претставници на други култури и религии (кои подоцна преминале во исламот). Но, постепено, во харемите почнале да влегуваат и мали девојчиња кои таму ги продавале нивните родители - дури тоа било и престиж, затоа што тоа обезбедувало најголема заштита за девојчињата и животна поддршка. Таму тие биле обучени (да танцуваат, обучени во музика, етика, темелите на исламот, литературата и уметноста да уживаат во задоволството на мажите) и на крајот станувале наложници на султанот. Харемот го водела мајката на султанот (Валиде султан), но Великиот везир избирал која од жените во харемот биле достојни за владетелот. Откако ги избирал, а потоа султанот ги сакал, тие можеле да станат негови сопруги. По смртта на султанот, неговите жени, кои имале ќерки, морале да стапат во брак со високи функционери или да се преселат со мајката на мртвиот владетел во старата палата. А саканите жени на султанот, кои родиле машки потомци, засекогаш останувале во харемот.
Покрај сопругите, султанот имал и фаворити во харемот - тие биле еднакви по ранг на неговите жени. Ако омилената забремени, таа наскоро би можела да добие статус на сопруга на Султанот, но тоа не секогаш се почитувало.
Чуварите
За безбедноста и управувањето ан харемот се грижеле евнусите, кои биле лишени од можноста да имаат интимен контакт со жени. Главниот евнух можел да купи робови за харемот, тој, исто такаго следел и однесувањето на жените во него. Евнухот го советувал султанот за казнување и воздигнување во харемната хиерархија. Валид султан и главниот евнух имале голема задача: продолжување на машката лоза на султанот. И сè во харемот се вртело околу ова. Поради оваа причина, во харемите се формирале неверојатни интриги и заговори, честопативо нив бниле вклучениевнуси, везири, како и луѓе надвор од харемот (на пример, војската).
Митови и вистината
• Имало периоди во историјата, кога разни амбасадори го посетувале султанот, и подоцна раскажувале дека тој имал неколку стотици наложници и спиел со сите нив. Со текот на времето, многу работи станале јасни и се покажало дека најголем број жени во харемот имал Сулејман Величествениот - над 160, всушност, тој живеел во моногамен брак со Роксолана (иако секој султан имал право на 4 службени сопруги). И, не сите жени во харемот биле интимни со султанот.
• Идејата дека жените во харемот цел ден чекале да бидат повикани во спалната соба на султанот , дека ништо не работеле не е точна. Вистината е дека сите жени вохаремот имале некои должности во палатата. И тие биле платени прилично добро за тоа. Главниот евнух се грижелза распределбата на платите на жените во харемот. Жените во харемот не биле затвореници - тие ја напуштале палатата не само во градот, туку и надвор од неа. На пример, Роксолана го придружувала султанот на лов, на одмор и посетила и други места каде нејзините синови биле испратени како претставници на султанот.
• На Запад, се ширеле хорор приказни за тоа како непослушните наложници биле ставани во кожни вреќи и фрлани низ харемските прозорци во Босфорот. Но, палатата Топкапи е далеку од водата. И веќе има изобилство докази дека, всушност, непослушните наложници биле санкционирани со многу помеки казни - држејќи се во подземјето, тепајќи ги со стап на нивните потпетици, а најлошите биле изфрлени од харемот (обично на такви наложници им наоѓале сопруг).
• Судбината на наложниците кои не стигнале до спалната на султанот исто така не била тешка, напротив: ако таа останала во харемот 9 години, и ако немала интимна врска со султанот, тие ја ослободувале. Некои останувале во администрацијата, добивајќи многу добра плата и почит. Но, повеќето добиле дом, алиментација и сопруг со висок чин. И османлиските благородници сонувале за таква сопруга - убава, со прекрасно воспитување. И таков брак бил најголема милост на султанот и почеток на кариерата во империјата.
Отоманските хареми престанале да постојат како институција на почетокот на минатиот век, кога Османлиската Империја се распадна и Турција се модернизираше.