Тајсон тврди дека умрел за прв пат откако користел халуциногени жаби: Предизвикуваат „кратки патувања“

Контроверзниот пензиониран шампион во тешка категорија тврди дека верува дека умрел за време на неговото прво искуство со психоделични жаби ...

Мајк Тајсон своето враќање по шеснаесет години го одбележа во 2020 година, кога на егзибициски меч се бореше со Рој Џонс Јуниор, а пред оваа борба често нагласуваше како неговата сопруга Лакиша Спајсер го охрабрувала да се врати во форма.

„Често плачев поради мојата тежина и тие работи, а кога пробував некоја облека, бев целосно згрозен од мојот изглед, па почнав да се грижам за мојата телесна тежина“, изјави поранешниот боксер Џо Рогану. А, Мајк во последното интервју отворено кажа дека има преку 45 килограми прекумерна тежина, во време кога премногу пиел и конзумирал наркотици, меѓу кои и халуциногени жаби.

Буфо Алвариу, попознат како жаба на реката Колорадо и пустинска жаба Соноран, произведува психоактивни супстанции од нивните токсични жлезди, дозволувајќи им на оние што ги користат да искусат кратки патувања. Овие жаби некогаш биле користени во древните ритуали за лекување, а во последните неколку децении нивната популарност расте меѓу богатите, исто како што беше случајот со ЛСД и пијалокот ајаваска.

„Го направив ова како дел од предизвик“, изјави Тајсон за New York Post. „Правав тешки дроги како кокаин и размислував, зошто да не? Ова е сосема нова димензија. Пред да пробам жаби, бев во целосен хаос. Најголемиот противник што го имав пред мене бев јас. Мојата самодоверба беше директно на нула. Луѓето со големо его често имаат ниска самодоверба. Ние го користиме нашето его за да го надоместиме овој недостаток. Жабите го симнуваат егото“.

Оттогаш Тајсон ја земал сустанцата од жаби 53 пати, понекогаш три пати на ден: "Умрев првиот пат кога зедов. За време на моите патувања видов дека смртта е убава. Животот и смртта имаат своја убавина, само смртта има лоша репутација. Ме научи дека нема да бидам тука засекогаш. Се има рок на траење“.

„Луѓето ја гледаат разликата во мене. Ефектот зборува сам по себе. Да ме знаевте во 1989 година, ќе знаевте дека сега сум друга личност. Мојот ум не е доволно софистициран да обработам се што се случи, но го сфаќам мојот живот се подобро. „Целата цел сустанцата на жабите е да го достигнат вашиот целосен потенцијал. Јас на светот гледам поинаку. Сите сме исти. Сè е љубов“, заклучил Мајк.