Династијата Тани со векови владее во Катар: Важат за наследници на Мухамед, а на власт дојдоа со измама - дрско трошат пари

Фото: : BILAL QABALAN / AFP / Profimedia

Поради Светското првенство во фудбал, Катар предизвика голем интерес во јавноста. Кој владее со оваа богата земја и каков е нивниот живот?

Катар е официјално држава Катар, која граничи со Саудиска Арабија на југ, додека остатокот од нејзината територија е опкружен со Персискиот Залив. Главниот град Доха е дом на над 80% од населението во земјата.

Катар е управуван од династијата Тани со векови откако Мухамед ибн Тани потпиша договор со Британците во 1868-ма година со кој се признава нејзиниот статус.

Сегашниот емир е Тамим ибн Хамад ал Тани, во чии раце е целата моќ на оваа земја. Тој го контролира судството, го назначува премиерот, како и самата влада.

Многумина веруваат дека куќата Тани дошла на власт со „измама“, за разлика од другите семејства за кои се верува дека се директни потомци на Мухамед.

Се вели дека во политичка смисла, Мухамед бин Танин ги надмудрил Британците за да му овозможи на неговото семејство да владее како прво меѓу еднаквите.

Семејството Тани така се „наметна“ како владејачка класа и им ја гарантираше таа позиција на сите свои внуци и правнуци.

Како дипломатски гест, поранешниот шеик Ал Тани одлучил неговото семејство да се преобрати во вахабизам на почетокот на 20-ти век, но политичкото влијание на семејството е одвоено од нивните религиозни убедувања.

Бруталното богатство на семејството Тани

Осмиот емир на Катар, Тамим ибн Хамад ал Тани, е шеф на Домот на Тани, и тие претставуваат едно од најбогатите семејства во светот.

Обичните жители на планетата не можат ни да замислат колкаво богатство поседува ова семејство.

Затоа, не е чудно што кралското семејство на Катар живее раскошно, трошејќи го своето богатство на недвижен имот, јахти, професионални спортски клубови - сè што можете и не можете да замислите.

Третата сопруга на шеикот, Моза бинт Насер, потрошила 80 милиони долари на куќа во Лондон. После тоа потрошила уште 40 милиони долари за да ја реновира, а ги купила околните имоти за да ги спои сите во едно. Така, Моза направи три куќи во центарот на Лондон во една огромна во која живеат кога доаѓаат од Катар.

Во центарот на Лондон, семејството сега има раскошен имот од околу 17 соби, девет бањи, салон за убавина, фитнес центар и затворен базен.

Друга опсесија на овие богати луѓе се автомобилите. Така членовите на кралското семејство на Катар ги возат најлуксузните автомобили, „Bugatti Citroen“.

Гласините велат дека се направени само 40 возила „Bugatti Divo“ и дека нивните сопственици можеле да изберат други скапи модели за да го направат возилото соодветно за нив.

Јахтите се третата голема опсесија на катарското кралско семејство. Затоа, не е чудно што во август купија суперјахта вредна 348 милиони долари. Јахтата е забележана на пристаниште во Обединетото Кралство, и е една од најголемите во светот.

Островот Скијатос е омиленото одморалиште на катарскиот емир, кој го поседува и милионскиот брод за крстарење „Ал Миркаб“, кој магазинот „Форбс“ го прогласи за најубава јахта на светот. На јахтата работат 50 членови на екипажот, вклучувајќи го и личниот лекар на семејството. Оваа јахта е наречена и пловечка палата поради нејзините 12 луксузни апартмани, 2 базени, теретана, кино и џакузи. На бродот има и уметнички дела од Пикасо и Ван Гог.


Спортот е четвртата и најважна опсесија на катарското кралско семејство. Емирот на Катар, Тамим бин Хамад ал Тани, сакаше да го модернизира Катар со спорт и да го прикаже како нешто повеќе од само пустинска земја. Се шпекулира дека фудбалското првенство беше составен дел од тој план и се чини дека доста добро беше спроведено.

Нивното богатство и моќ навистина нема граници.

извор: stil.kurir.rs