Едно момче го праша татко му:
- Татко, колку е голем Бог?
Гледајќи на небото, таткото забележал патнички авион и го прашал синот:
- Колку е авионот голем кој лета над нас?
Момчето одговара:
- Мал е, тато. Скоро и да не се гледа.
Потоа, неговиот татко го одвел на аеродромот и кога биле близу до еден од авионите, повторно го прашал:
- Колку е голем авионот сега?
Момчето одговорило:
- О, татко, сега е огромн, ОГРОМЕН!
Тогаш татко му му објаснил:
- Е, толку голем е и Бог. Неговата големина зависи од растојанието помеѓу тебе и Бог. Колку си поблиску до Него, толку поголем ќе биде во твојот живот.