Технолошкиот гигант ги почести вработените: По 1.500 американски долари

Претставници на „Мајкрософт“ одлучија да им дадат бонус на вработените ширум светот како награда за преживување на пандемиската година.

Бонусите од 1.500 долари треба да ја признаат „единствената и предизвикувачка фискална година што Мајкрософт штотуку ја заврши“, се вели во внатрешниот меморандум од „Мајкрософт“.

Технолошкиот гигант има повеќе од 150.000 вработени, а работниците под нивото на потпретседател на корпорацијата имаат право на бонус.

Вработените во филијалите на „Мајкрософт“, „LinkedIn“, „GitHub“ и „ZeniMax“, се изземени од ова. Се на се, Мајкрософт плаќа околу 200 милиони долари за околу 130.000 вработени.

Тоа е пад од 53 милијарди долари профит на Мајкрософт во 2020 година.

Многу компании имаа сличен пристап за време на пандемијата на коронавирусите.

Корпорацијата Валмарт им исплати на своите соработници дополнителни 388 милиони американски доалри во декември како признание за нивната „постојана посветеност кон клиентите за време на пандемијата“.

Амазон им додели мали бонуси на своите хонорарни работници и работници со скратено работно време за време на пандемијата.

Фејсбук во март 2020 година соопшти дека ќе даде по 1.000 долари за секој од своите 45.000 вработени.

А, многу технолошки компании им обезбедија и домашна опрема на своите вработени.


Фото: Freepik