Телефонот исправен, тој со солзи: Старец искрен во мобилара
- 28 Јануари, 2020 22:04
 
                    Се почнува така што еден доста стар и изнемоштен човек отишол во една продавница која се занимава со поправка на сите видови мобилни и прашал што е со неговиот телефон, зошто никако не работи ниту ѕвони?
Момчето кое се занимава со поправка на такви уреди, го прегледал неговот телефон, проверил и се покажало дека со телефонот на старецот е се во ред. „Господине, со вашиот телефон е се во најдобар ред. Целосно е исправен и ништо не му фали“! Кога и друг работник во мобиларата му го потврдил истото, на старецот очите му се наполниле со солзи и заплакал.
 Пуштил огромна солза и низ плач рекол:  „Па, зошто никој од моите деца не ме бара?“  Имате ли и вие стари родители? Немојте поради вашите бројни животни обврски некогаш да помислат дека се заборавени!!!
 
                     
                 
                                             
                                             
                                             
                                             
                                             
                                             
                                             
                                            