Теоретичар на заговор тврди дека нашол антички град под вода: Гугл го „сокрил“?! (ВИДЕО)

Скот Воринг потсети на приказните за американски морнари кои наоѓаат град близу Куба, додека подморница патролирала во тој дел од морето.

Добро познатиот теоретичар на заговори, Скот Воринг, кој претходно тврдеше дека има „флота неидентификувани летачки објекти“ недалеку од брегот на Грција, неодамна објави дека дошол до ново откритие додека пребарувал на „Гугл мапс“.

Имено, тој, наводно, пронашол чудни урнатини лоцирани под морето во близина на Куба. Воринг истакнува дека е нешто што изгледа како две пирамиди и потонат брод. Тој, исто така, потсети на приказните на американските морнари како нашле град близу Куба, додека подморница патролирала во тој дел од морето.

- Тие рекоа дека има стотици згради и дека е неверојатно колку е зачувано. Тие исто така рекоа дека виделе повеќе пирамиди. Кога дознав за тоа, ја истражував оваа локација со години и ми се чини дека најдов дел од градот - вели Воринг.

Воринг го објави своето сведоштво на ЈуТјуб, и истакна дека областа „не е видлива на верзијата што може да се преземе на Гугл мапс “, бидејќи „наводно целата област е зацрнета“.

- Ова ме натера да мислам дека Гугл намерно ја криеше локацијата со цел да го задржи градот скриен - тврди овој теоретичар на заговор.

ВИДЕО:

извор: telegraf.rs