Традиционално „Sport Life” им подари новогодишни пакетчиња на децата од ранливите категории и на лицата со посебни потреби
„Sport Life“ обложувалници ја продолжија традицијата од последните неколку години и оваа година им подарија новогодишни пакетчиња на децата од социјално ранливите категории и на лицата со попреченост.
Од страна на тимот на „Sport Life“во празнична атмосфера и заедничка дружба, беа поделени вкупно 114 пакетчиња, во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа, Куманово, во Здружение регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“, Куманово, како и во ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје.
„За нас посетата и грижата за дечињата од ранливите категории и за лицата со интелектуална попреченост претставува благородна традиција и дел од нашата визија за општествена одговорност и поддршка на сите ранливи категории во општеството. Им благодариме за топлиот прием и нивните драги насмевки, кои навистина многу ни значат.
Воедно им ја честитам Новата година и им посакувам многу здравје, радост и среќа на сите дечиња и на сите наши граѓани во името на „Sport Life“обложувалници - изјави Петар Поцков, маретинг директор на „Sport Life“.
ПР објава