Треба ли мажите да ја носат фризурата „кец“?
Фризурата „кец“ е дефинитивно фаворит кај машките, бидејќи е најлесна за одржување и сјајна е за топло време. Меѓутоа, се поставува прашањето, дали оваа фризура го истакнува најдоброто кај мажите и како правило треба да се шиша.
Фризурата „кец“ е дефинитивно фаворит кај машките, бидејќи е најлесна за одржување и сјајна е за топло време. Меѓутоа, се поставува прашањето, дали оваа фризура го истакнува најдоброто кај мажите и како правило треба да се шиша.
Побаравме одговори од стручнаци:
Ван Каприцијано, фризер и основач на фризерските салони „Tribe Barber“ вели дека оваа фризура е добра само за деца и за ќелави мажи. „Ова е фризура која одговара само кај деца кои сакаат да изгледаат опасно. Меѓутоа, ако ќелавите и немате многу коса на главата, тогаш е подобро да ја имате оваа фризура, отколку да имате ретка коса.“
Џес Канди има поразлично мислење: „Оваа фризура може да го зголеми агресивниот изглед кај мажите и секој маж може да го направи помажествен. Погледнете само колку познати мажи ја носат оваа фризура. Исто така, оваа фризура го враќа војничкиот стил во мода, бидејќи вака се шишаа сите војници, па ако сакате да имате карактеристики на опасно момче, тогаш оваа фризура е за вас.
Наше мислење е дека оваа фризура не би била толку популарна ако не е добра. Едноставна е и добро прилега, но сепак стои различно кај сите. Ако сте покрупно градени или имате округла глава, оваа фризура многу добро ќе ви стои, меѓутоа, ако сте слаби и имате подолго лице, тогаш подобро е да изберете некој друг стил на фризура