Тренирате навечер: Еве зошто е подобро од тренинг наутро
Ако сте некој кој не умее да станува рано и кој преку денот има многу обврски, тогаш вечерта е единствениот период кога можете да тренирате и кога физички ќе може да се активирате.
Иако мислевте дека тренингот во вечерните часови е лош, тогаш сте погрешиле, бидејќи времето за тренинг не е толку важно, туку важно е колку сте спремни и колку енергија имате за вежбање. Сепак, тренингот во касните часови има свои предности, па поради тоа ви даваме неколку предлози зошто треба да одите во теретана токму тогаш.
1.Подобро ќе спиете
Додека тренирате, внесувате поголема количина на кислород во вашиот организам, која заминува до вашиот мозок, па ќе бидете поспани и многу подобро ќе спиете.
2.Подобри и побрзи резултати
Истражувањата покажуваат дека оние кои тренираат навечер, секогаш постигнуваат подобри и побрзи резултати. Оние кои вежбаат навечер имаат околу 20% повеќе сила и можат да издржат подолги и понапорни тренинзи.
3.Никогаш не мора да се брзате
Бидејќи најверојатно сте ги завршиле сите обврски, тоа значи дека во теретаната може да останете колку што сакате и да го извежбате тренингот на мир и по саканото темпо.
4.Ќе имате помал крвен притисок
Истражувањата покажуваат дека оние кои тренираат навечер имаат и помал крвен притисок и тоа за 15%, така да ова е уште една добра причина заради која треба да ја посетувате теретаната навечер.