Три експерти коментираа: Може ли хрватскиот Сумамед да помогне во лечењето на коронавирусот?

Сумамедот, добро познатиот антибиотик на Плива, последниве денови беше под лупата на јавноста, поради изјавата дека можно е да е корисен во лекувањето на коронавирусот.

Институтот за медицина во Марсеј објави дека короновирусот може да се лекува со комбинација на хидроксихлорихин и азитромицин (што всушност е Сумамед), а американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тие може да играат голема улога во историјата на медицината.

Неколку угледни хрватски научници и лекари се насочија кон тие наоди и се сложија дека е прерано да се зборови за корисниот ефект на Сумамедот против коронавирусот, а камоли за лекување со него.

„Нема потреба секогаш да се лекува со Сумамед, тој не делува директно на вирусот, но има својство да делува на нашиот имунолошки состав и со тоа да го намали воспалението. Треба да се биде паметен и да не се избрзува со тој лек“ - рече Алемка Маркотиќ, директорката на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“, во обраќањето на Националниот штаб за цивилна заштита.

„Сумамедот не може директно да делува на вирусот, но има едно многу важно својство, делува на нашиот имунолошки состав, па така во одредена мера го смирува воспалението на одредени механизми. Не смееме да избрзуваме со тој лек. Првите истражувања покажаа дека вирусот првите неколку дена го уништува нашиот имунолошки систем и му оневозможува адекватно да се бори, осносно малку да се активира, за што е потребна мала воспалителна реакција и со тоа овозможува вирусот побрзо да се умножува и да предизвика повеќе штета на нашиот организам“ - коментираше исто така.

Научникот Иван Џикиќ ги коментираше наводите за Сумамедот за Вјести.хр. Тој кажа дека нема научна потврда дека би можел да се користи како лек против коронавирусот.

„Не постојат научни податоци за лечењето со Сумамед. Постојат неколку истражувања кои покажуваат подобри резултати, но станува збор за симптомите, не и за инфекцијата на вирусот. Непотребно и збунувачки е за јавноста да се зборува дека Сумамедот помага при лекувањето. Не треба да си играш со лековите, тоа треба да им се препушти на експерите во болниците. Научниците се обидуваат на сите можни начини да пронајдат комбинација на лекови, но се што имаме е слабо делува и не помага против вирусот“ - смета Џикиќ.

Сумамедот го прокоментира и поранешниот министер за наука, образование и спорт Драган Приморац, гостувајќи на РТЛ.

„Азитромицинот има клучна улога во лекувањето на бактериските инфекции. Другиот лек се користи за лекување на маларија. Луѓето во некои мали истражува покажаа дека тоа може да има ефект. За жал, во медицината се вреднуваат правилата дека доколку немате големи, клинички истражувања кои покажуваат дека тоа сериозно може да помогне, вие тоа не можете да го сметате за сериозен резултат“ - вели Приморац.