ТУРЦИТЕ ПОВТОРНО ЈА „ОСВОЈУВААТ“ МАКЕДОНИЈА - убедливо најголем број туристи во септември пристигнаа од Турција
Во септември годинава во земјава се евидентирани 132.999 туристи кои оствариле 262 686 ноќевања, соопшти Државниот завод .
Од вкупниот број туристи, 24,6 отсто се домашни, а 75,4 проценти се странски. Од вкупно 262.686 ноќевања, 31,8 проценти ги оствариле домашните туристи, а 68,2 отсто странските.
- Во периодот јануари – септември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5,8 отсто.
Кај домашните туристи има намалување за 1,4 проценти, а кај странските има зголемување за 9,6 отсто - се посочува во соопштението на ДЗС.
Вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 0,9 проценти. Кај домашните туристи има намалување за 3,8 отсто, а кај странските зголемување за 7 проценти.
Најголем број од странските туристи кои ја посетиле Македонија доаѓаат повторно од Турција од каде всушно пристигнале 32.950 лица. Следни зад турците се гостите од соседна Србија, од каде ни дошле 8.830 туристи. Потоа следат туристите од Германија од каде пристигнале 6.615 лица и од Полска 3.577 туристи.