У17: Македонија ја победи Молдавија

Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години со победа и освоено прво место го заокружи квалификацискиот турнир во Драч во рамките на лигата Б за пласман на Европско првенство 2023 година што ќе се одржи во Естонија.

Во последното коло, селекцијата предводена од Катерина Милеска успеа да слави победа со 2:0 над Молдавија.

Нашите млади фудбалерки во последните 10 минути успеаа да го скршат отпорот на противникот. Ибраими во 79. минути сосема заслужено успеа да ја доведе во предност Македонија од 1:0. Три минути подоцна Илиевска ги постави конечните 2:0

Во вториот натпревар од нашата група, Косово забележа нова убедлива победа со 6:0 над домаќинот на турнирот, репрезентацијата на Албанија.