Украл 10.000 од девојката, се обложил и заработил милиони, но таа не е задоволна од враќањето на инвестицијата
Човек украл десет илјади од својата девојка за да се обложи, освоил сто милиони и и ја вратил инвестицијата, но иако се испаднало точно како што сакал, тој се нашол во голем проблем, бидејќи таа сега бара четириесет милиони од неговите вкупни добивки...
Еден Нигериец е на работ да ја раскине својата долгогодишна врска доколку на девојката не и плати четириесет милиони нигериски нари. Целиот хаос започна кога овој Нигериец зел десет илјади нари од својата поубава половина за време кога дошла кај него дома, при што таа брзајќи да стигне на работа ги заборавила парите на полицата.
Тој потоа ги зел преостанатите пари и влегол во облог кој траел два дена, ветувајќи и дека веднаш ќе и врати со објаснување за неговите постапки. Неговиот облог на крајот заврши и тој освои неверојатни сто милиони наири, што е нешто повеќе од 92.000 долари. Во моменталната еуфорија тој ја сподели својата добра вест со својата поубава половина, но тој момент беше поттик за сите негови проблеми.
Дамата сега бара четириесет милиони од неговите пари бидејќи облогот бил исклучиво нејзин. Се разбира, овој човек ја отфрла таквата можност и сака да и го врати само она што го земал, со образложение дека сето тоа го направил чисто со желба да си го подобри бизнисот и затоа е подготвен да додаде уште пет илјади нари на нејзината главнина како знак на добра волја . Неговата поубава половина се чувствувала измамено и му се заканувала дека ќе најде нов маж доколку неправедно постапува со неа и не ги плати четириесетте милиони што ги барала.
Измачениот маж се најде во голема дилема, бидејќи не сака да и плати четириесет милиони на својата долгогодишна љубов, но притоа не би сакал да биде без неа.