УНИБанка преку Развојната банка на Северна Македонија ќе овозможи поволни кредити за жени претприемачи, дигитализација и зелени проекти
УНИБанка склучи рамковен договор со Развојната банка на Северна Македонија за поддршка на зелени и општествено одговорни инвестиции со средства обезбедени одФранцуската агенција за развој (АФД).
Во фокусот накредитната линија ќе бидеи поддршката на женското претприемништво, како и проектите поврзани со процесот на дигитализација, овозможувајќи ни да ја интензивираме нашата улога во поттикнувањето на понудата за финансирање на климатските промени, како и во стимулирање на иновативниот и инклузивниот раст во приватниот сектор. Се поддржуваат инвестиции од компании кои се минимум 51% во сопственост на жени или се раководени од жени.
Со оваа кредитна линија која има силна социјална компонента, цел е да се поттикне родова еднаквост, инклузивност како и поттикнување и развојна зелените проекти во земјата. Да се овозможи личен и професионален развој на жените претприемачи, да се поттикнат иновации и инвестиции во проекти кои позитивно влијаат врз животната средина, и кои имаат силен придонес за постигнување здрава животна средина.
“Со поддршката на жени претприемачи придонесуваме кон порамноправна и просперитетна иднина. Во нашата земја има многу жени кои се вистински лидери, кои со своите бизнис идеи можат да придонесат кон развој на економијата и општа благосостојба. Жените раководат со интегритет, непристрасност и принципиелност, но не секогаш им се даваат еднакви можности. Додека пак зелените проекти се поврзани со нашиот одржлив раст и развој, со здравата животна средина, и токму затоа е важно да ги поддржиме”, истакна Катица Кузмановска, Одговорен директор за бизнис развој во УНИБанка.
УНИБанка ќе биде дел од банките во земјава преку кои ќе бидат достапни кредити во вкупен износ од 50 милиони евра, средства од кои 25% се наменети за финансирање на бизниси раководени од жени и инвестиции во дигитализација, а 75% за зелени проекти кои придонесуваат кон подобрување на климатските услови. Кредитите се отплатен рок до 15 години, со вклучен грејс период до 3 години и се со поволна фиксна каматна стапка, што ги прави интересни и прифатливи.
УНИБанка е значаен дел од оваа заедница, и како општествено одговорен субјект и во иднина ќе поддржува различни еко проекти и инклузивни иницијативи, иницирани од институции или поединци, придонесувајќи на тој начин кон поттикнување на позитивни тенденции и корисни општествени пракси.
ПР објава