УНИБанка со нов ПАКЕТ на услуги за физички лица
УНИБанка, деновиве промовира исклучителен пакет на услуги за физички лица. Пакетот овозможува нов, современ и посигурен начин на користење на наjсекоjдневните банкарски услуги, како и значително намалување на трошоците на клиентите. Достапноста на услугите е во секое време и место.
Имено, со активирањето на овој пакет за само 99 денари месечен надомест, добивате:
* без провизија неограничени повлекувања готовина со дебитни картички на сите банкомати во земјата;
* без провизија неограничени денарски трансакции преку Е-Банкарство;
* УНИ СМС известување; мобилно и електронско банкарство;
* одржување на сметката и други поволности.
“Со овој пакет на услуги, клиентите на УНИБанка имаат можност да ги заштедат своето време и пари при извршувањето на банкарските плаќања“– истакна извршниот директор на УНИБанка, г-дин Владислав Хаџидинев.
Покрај намалувањето на трошоците, клиентите може релаксирано да пазаруваат, да патуваат на своето омилено место и да не чекаат во ред за плаќање на своите обврски, бидејќи може да плаќаат и да подигнуваат готовина од било каде.
За повеќе информации: http://www.unibank.mk/