Упаднале во „Галеб“, вилата на Тито и еве што пронашле: Од сиот гламур, останало само едно волшепство (ВИДЕО)

Во рамките на Институтот Игало има и комплекс кој некогаш му припаѓал на доживотниот претседател на СФР Југославија, Јосип Броз Тито.

Овој комплекс е познат како вилата „Галеб“, која е изградена во 1976 година. Претседателот Тито ја посетил 4 пати во официјална посета.

Титовата вила „Галеб“ се наоѓа во борова шума со прекрасен поглед на Которскиот залив. Најинтересен дел е атомското засолниште во подрумот со систем за контрола на водата. Вилата од пет и пол илјади метри квадратни е опремена за 36 гости и има сала за состаноци. Тука е и работната соба на Тито, а најексклузивен дел се становите на маршалот и неговата сопруга Јованка.

Тито и Јованка имаа и посебни бањи. За изградбата бил употребен син мермер кој го има само во Бразил, а во бањата, меѓу другото, има и столче за бричење со пепелник што го користел додека уживал во кубанските пури.

Едно видео стана вирално на TikTok. Имено, на профилот на TikTok @proslagodina може да се види како девојка и момче „провалиле“ во вилата на Тито. Состојбата на вилата, која може да се види на споменатото видео, е најблаго кажано катастрофална.

Вилата изгледа напуштено и запуштено. На скалите веќе има долга трева, вратата е полна со корозија, килограм прашина и тони пајажина на ролетните, тревата околу вилата е запуштена, а фасадата изгледа трошно. Единственото нешто што остана убаво е прекрасниот поглед на синото море.

ВИДЕО:

 #hercegnovi #titovavila #izletiktok  Christian music. Choir of angels. Cinematic music. - AlexVoron


извор:najzena