Уписи во Тинкер Лабс Центар: Побрзајте

Уписите се во тек

„Tinker Labs“ е интернационална франшиза за СТЕАМ едукација на деца од 4 до 16 години. Интердисциплинарниот пристап на СТЕАМ концептот комбиниран со „Tinker Labs“ методот и пристапот на учење, создава извонредна синтеза на совршен едукативен модел кој гарантира интелектуален и социо-емотивен развој кај децата. СТЕАМ едукативниот спектар се состои од 5 предмети: наука, технологија, инженерство, математика и уметност.

Овој септември со почеток на учебната година почнуваат и програмите во „Тинкер Лабс Центар“ кои бројат 40 часа годишно, поделени во 70 минути еднаш седмично. Побрзајте да ги приклучите вашите најмили, за да стекнат вештини и знаења, кои ќе им користат во формалното образование и секако понатаму во животот.

Има можност за приклучување на децата и преку целата учебна година.

*пр објава