Уште од денес, Премиерот Спасовски најавува поригорозни мерки
Ако има препораки од Комисијата за заразни болести, можно е уште денеска да биде донесена одлука за воведување поригорозни мерки, најавува премиерот Оливер Спасовски.
„Очекувам денеска да разговараме во однос на доолнителни мерки кои би биле воспоставени како рестриктивни мерки, кои ќе помогнат во целата состојба и ако има препорака од Комсијата тоа би го направиле можеби на денешна седница на Влада“,рече премиерот Спасовски во разговор за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.
-Ние ги насочивме сите ресурси кон здравствениот систем во овој период затоа што сметаме дека тој треба да остане стабилен во борбата против коронавирусот. Во овој период докажавме дека навистина функционира здравствениот систем. Се направија сите подготовки за да може да издржи тоа што се најавува и што ќе се случува, а се случува во сите земји. Како и ќе се движи кривата на инфектирање на луѓето ќе може да одговори здравствениот систем на државата. Но, колку повеќе луѓето се придржуваат кон правилата, се почитува социјалната дистанца и се намали движењето и секој од нас остане дома во наредниот период директно се помага и на здравствениот систем“,рече Спасовски за Слободна ТВ.