Вака е отруен поранешниот украински претседател Јушченко: Преку ноќ лицето му станало сиво и прекриено со лузни!

фото:Profimedia

Сопругата прва забележала дека Виктор не изгледа како обично...

Поранешниот украински претседател Виктор Јушченко беше отруен пред 18 години. Тој беше отруен, како што се испостави, со диоксин. Сето тоа се случи во пресрет на претседателските избори во 2004 година. Противник на Јушченко беше Виктор Јанукович.

Првите симптоми на труење

Првите знаци ги почувствувал во септември 2004 година за време на претседателската кампања, поради што поминал една недела во болница во Виена. Имал здравствени проблеми со варењето и ужасни болки во грбот, поради што морал да прима морфин директно преку катетер во рбетот, а лицето му станало сиво, отечено и прекриено со лузни.

Од труењето лицето му било доста искривено, а голема штета претрпела и кожата. Јушченко тогаш изјави дека се работи за намерно труење со цел обид за убиство. Тој потсети дека ден пред почетокот на неговите здравствени проблеми, на 5 септември, вечерал со шефот на украинските тајни служби СБУ (поранешен КГБ), генералот Ихор Смечко и неговиот заменик и се посомневал дека при тоа бил отруен.

„Единствениот проблем е што не изедов и не испив се што беше наменето за мене. Проблемот за Владата е што останав жив“, рече Јушченко, додавајќи дека „отровот што беше употребен делува во моментот“.

Подоцна изјавил дека отровот му го ставиле на оризот, додавајќи дека сопругата прва забележала дека нешто необично му се случува, велејќи дека неговите усни и лицето имаат вкус на метал. Таа го прашала што е тоа, а тој изјавил дека јадел многу мрсна супа. Веќе бил отруен таа вечер.

Според наодите, тој имал 50.000 пати повеќе диоксини во крвта од просечниот човек Дали целта била убиство?

Има индиции дека Јушченко не е отруен со цел да се убие, туку да изгледа како алкохоличар со искривен изглед, со сиво-жолт тен и кожа полна со акни, се со цел да се намали неговиот кредибилитет кај гласачите. Во 2009 година, украинскиот парламент започна истрага за труење со диоксин, а случајот требаше да се реши во рок од една година.

Во текот на истрагата беше кажано дека Јушченко не бил отруен, туку неговата крв била испратена во САД, каде што бил инјектиран диоксин. Истрагата се уште не е завршена.

Никогаш не се дозна кој го отрул

Јушченко сега има 68 години, а беше претседател на Украина од 2005 до 2010 година. Тој се смета за еден од најодговорните политичари во оваа земја кои се одговорни за вртење на Украина кон запад.


извор:stil.kurir