Вакцината која сите сме ја примиле- штити од коронавирус???
Иако можеби ќе бидат потребни месеци, за да се добие вакцина само за коронавирусот, некои студии го истражуваат можниот заштитен ефект на вакцината против туберкулоза.
Дали вакцината против туберкулоза -BCG може да го заштити медицинскиот персонал од COVID-19?
„Со децении знаевме дека вакцината BCG има неспецифични корисни ефекти“, што значи дека штити од болести, освен туберкулоза за кои е произведена, изјави Ками Лот, шеф на одделот за истражување во Институтот Пастер во Лил, за Франс Прес.
Децата вакцинирани со BCG имаат помала веројатност да страдаат од други респираторни заболувања, а оваа вакцина исто така може да заштити од астма и автоимуни заболувања како што е дијабетес тип 1.
Се сугерираше дека вакцината против туберкулоза може да има сличен ефект врз коронавирусот, или со намалување на ризикот од инфекција или со намалување на сериозноста на симптомите.
Медицинскиот персонал треба „најмногу да го користи овој пристап“, смета Ками Лот, кој го комплетира протоколот за клиничко испитување во Франција затоа што тие се „најмногу изложени на ризик да се разболат“ и затоа е важно тие да бидат заштитени. Но, истражувачите се претпазливи и сè уште не можат да потврдат со сигурност дека BCG штити од коронавирус.
„Ова е токму причината за учество во ова истражување“, посочува Михаи Нетеа, професор по експериментална медицина на Институтот за медицина на универзитетот „Радбуд“ во Холандија, кој пред две недели пријави за започнување на клиничко испитување во соработка со Универзитетот во Утрехт, во кој учествуваат 1.000 здравствени работници. 500 ќе ја примат вакцината, а 500 ќе добијат плацебо.
„Ако има помалку луѓе во групата за вакцинирање на BCG кои не се во можност да работат заради болест, тоа ќе биде добар исход“, додава реномираниот експерт за „стекнатиот имунитет“.
Овој неодамнешен термин значи дека нашиот стекнат имунолошки систем, кој развива антитела, не е единствениот што се сеќава. И нашиот вроден имунолошки систем може да се подготви за поуспешна борба против заканите, благодарение на живата вакцина како што се BCG и вакцината против рубеола.
Покрај вирусна инфекција, СОВИД-19 има и тешка форма на прекумерен имунолошки одговор со неконтролирано производство на антиинфламаторни протеини, цитокини.
„Со вакцинацијата на BCG, овој воспалителен имунолошки одговор може подобро да се контролира“, вели Лорен Легро, експерт во Францускиот национален институт за здравствени и медицински истражувања (INSERM), која работи на односот помеѓу воспалението и имунолошкиот систем.
Вакцината делува како „воена вежба во време на мир“ за „успешно да го победи непријателот во време на војна“, рече Легро.