Валерија (29) насилно задоволувала странец во авион: Мажот се борел, но таа не се откажала (ВИДЕО)

Дваесет и девет годишната Валерија засекогаш ќе го памети патувањето со авион од Анталија. Имено, Валерија била уапсена во Москва откако наводно му дала орален секс на странец кој седел до неа на туристички лет.

Патниците и екипажот ракоплескаа и навиваа кога полицијата влезе во авионот и ја приведе жената на аеродромот Внуково. Наводниот орален секс се случил за време на петчасовниот лет на авиокомпанијата „Победа“, а меѓу патниците имало и деца.

Човекот кој седел покрај уапсената Валерија во економска класа најпрво се обидел да се спротивстави и да ја оттурне, според очевидци, пишува Дејли мејл.

„На летот од Анталија за Москва, патничката дивеела и орално го силувала мажот што седел до неа. Таа му ги соборила панталоните и извршила насилни дејствија од сексуална природа. Подоцна тој престанал да се спротивставува, а сето тоа се случило пред стјуардесите и другите патници“, пишува главниот руски весник Газета.


„Изненадувачки е што стјуардесите чекале до крајот на „акцијата“ и дури потоа ја оддалечиле Валерија. Таа се спротивставила и не сакала да го остави нејзиниот нов пријател“, пишуваат локалните медиуми.

Друг машки патник морал да ја чува во текот на остатокот од летот, а според извештаите, Валерија наводно била „пијана“ кога се качила на летот во Турција. За време на летот, таа „го изгребала екипажот“ и пушела електронска цигара и покрај постојаните барања од членовите на екипажот да престане да го прават тоа.


Таа подоцна за медиумите изјави дека не се кае за своите лудории во авионот.

„Се беше во ред. Убаво се забавував во авионот. Па, дури и подобро од тоа“, рече Валерија, која на крајот беше казнета со 500 рубли или приближно пет евра поради своето однесување.

Нејзиното однесување на летот ги налутило сопатниците, кои се пожалиле дека барала топла вода, а потоа ја полила на подот. Исто така, кога авионот слетал на московскиот аеродром, таа се обидела да го поткупи екипажот на летот со банкнота од 100 американски долари за да го прикрие своето однесување, се вели во извештајот.

Стјуардесата парите ги ставила во корпата за отпадоци, а Валерија потоа била видена како го празни ѓубрето на подот од авионот и ги извади парите. И додека полицаецот ја испратил со аплауз од сопатниците во авионот, проблематичниот патник го кажал следново: „Не одам никаде со будала како тебе“.

Фото: www.freepik.com
Извор: www.jutarnji.hr