Велигденски шопинг со поврат на средства и до 7% со American Express во Веро и Џамбо маркети
Силк Роуд Банка АД Скопје за корисниците на American Express картичките организира промотивна кампања по повод најголемиот христијански празник Велигден со поврат на средства и до 7% со направени трансакции со картичките.
Имено, почнувајќи од 20 април па сѐ до 03 мај 2021 година, започнува ексклузивна промотивна кампања со American Express картичките издадени од Силк Роуд Банка, во Веро и Џамбо маркетите, каде што со секоја трансакција со картичките во маркетите корисниците добиваат и до 7% бонус, односно поврат на средства.
Имено, со направени трансакции со American Express Point дебитната картичка корисниците добиваат 4% поврат на средства, додека пак со направени трансакции со American Express Green и American Express Gold кредитните картички повратот на средства изнесува 7% од вкупно направената сметка.
Оваа ексклузивна кампања е супер можност безбедно да пазарувате со American Express картичките во сите Веро и Џамбо маркети на територија на државата и при тоа добивате единствена можност за дополнителен поврат на средства при направените трансакции во промотивниот период.
ПР објава