Вест на деценијата: Беше замрзната 24 000 години, оживеа и - започна да се размножува

Научниците успеале да оживеат мало животно кое било замрзнато во сибирскиот вечен мраз дури 24.000 години. Откако било загреано и нахрането, ова безрбетно животно одеднаш се активира, па дури и започна да се размножува.

Познато е дека едноставните организми како што се бактериите можат да преживеат илјадници години во мраз, но сега експертите дополнително потврдија дека ова може да важи и за посложени организми.

„Тоа е животно со нервен систем, мозок и други органи“, вели биологот Стас Малавин од научниот центар за биолошки истражувања Пушчино.

Експертите веќе успеаја да ги оживеат формите кои беа замрзнати во мразот најмалку 30 000 години, но ова е првпат да оживеат ваков „стар“ безрбетник.

Ова се најмалите повеќеклеточни животни, со големина од 0,1 до максимум 3 милиметри, кои на главата имаат венец од трепки, кои постојано треперат и со тоа го движат телото.

Во 2015 година, Малавин и неговите колеги дупчеа мраз во близина на реката Алазеја во Сибир, Русија. Притоа, тие нашле еден безрбетник, помалку од една четвртина од милиметар.

Кога го загреаа и му дадоа храна, животното повторно се активираше. Не само тоа - тоа започна да се размножува бидејќи овој вид може да се клонира без сексуален партнер. Имено, некои родови имаат различни начини на репродукција. Во поволни услови, тие се размножуваат со партеногенеза и сексуално кога условите се неповолни.

„Ние сме сосема убедени дека ова е нов вид“, рече Малавин. Тој и неговиот тим направија секвенцирање на геномот на ова прастаро животно и открија дека тоа е најмногу слично на без'рбетниот вид - adineta vaga.

Научниците веруваат дека денешните безрбетници имаат слична способност да преживеат како нивните прастари предци. За време на еден експеримент, Малавин замрзна (-15 ° C) индивидуи од различни современи видови една недела, како и некои потомци на многу стари животни. Двете групи беа подеднакво толерантни на замрзнување, со слични стапки на преживување, пишува „New Scientist“.

Сепак, Малавин и неговите колеги сè уште не знаат точно како овие суштества успеваат. Имено, организмите кои толерираат замрзнување имаат многу механизми за преживување, не само еден, и не сите ги користат исто.

Истражувањата покажуваат дека ако процесот на замрзнување е релативно бавен, без'рбетните клетки можат да преживеат формирање на ледени кристали со минимално оштетување, дозволувајќи им да преживеат - иако сè уште не е познато како можат да преживеат десетици илјади години.

„Овие механизми се навистина изненадувачки слабо познати за нас“, вели Малавин. Ова го поставува прашањето: Дали и кога луѓето ќе можат да се замрзнуваат и оживуваат на пример после 1000 години?...


Извор: B92

Фото: PROFIMEDIA