Вежбаме дома со Илиевски: Мојата цел е секој од нас да остане физички активен без оглед на сѐ

Тој е еден од најпознатите фитнес тренери кај нас. Има исклучитлно добро оформено тело, упорен е, истраен е, не се откажува. Токму неговата упорност, вештина и карактер го однесоа на многу престижни фитнес натпреварувања, тој е шесткратен победник на “Men physique champion” и има освоено и многу други регионални и европски натпреварувања. 

Бојан Илиевски е во изолација дома, како и сите ние, ама тоа не значи дека не вежба. Напротив, уште поупорен е. За читателите на Машки магазин направи неколку видеа со вежби кои можете да ги правите дома, па советува:

- Со оглед на целата ситуацијата во која се наоѓаме и сите мерки на претпазливост кои ни го ограничуваат движењето и секојдневниот начин на живот, не е причина да застанеме и да кажеме СТОП на се’, да заборавиме што корисно и добро сме правеле за себе и своето здравје. Изговори секој од нас ќе најде, па и онаму каде што ги нема. Поставете си своја цел која ќе ве води без разлика на условите, слободното време и начинот да стигнете до неа. Да останеме физички активни, да не застанеме сега кога најмногу ни е потребно на секој од нас- вели Бојан.

Бенефитите кои ги добиваме со секоја физичка активност нам ни се повеќе од потребни. Искористете го се она што го имате во домот. Има мал милион на корисни реквизити, помагала и нешта во домот за кои не сте свесни.

- Барем сега секој од нас има доволно слободно време за да создаде нешто ново, нешто што ќе ни биде мотив плус во овој период. Мојата цел е да секој од нас остане физички активен без оглед на се’. На многу начини со свои идеи, преку објава на видеа на мојот Фб и Инстаграм профил сакам да му помогнам на секој од вас околу изборот на вежби. Продолжете со здравиот и правилен начин на живот, исхрана и тренинг. Вложувајте во себе, вашето тело ќе ви врати за се, порано или подоцна.И ЗАПОМНЕТЕ “Ако можам ЈАС,можеш и ТИ” - додава Илиевски

Ова мал дел од неговиот избор на вежби:




Н.Т.

Може да ве интересира и Новата фитнес кралица: Александра Наумовска, предизвик и за мажи и за жени