(ВИДЕО) Даниел Редклиф ја откри неговата семејна трагедија и пушти солзи пред камерите
Ова е вистинска семејна трагедија, па дури ни магичното стапче на Хати Потер не може да ја отргне болката која ја почувствува познатиот актерот.
Даниел Редклиф,
актерот кој го играше мега популарното дете магионичар во осумте филмови
засновани врз книгите „Хари Потер“, се расплака додека го читаше последното
писмо напишано од неговиот прадедо, кој самиот си го одзел животот.
Актерот беше гостин во „BBC“ емисијата „Кој мислише дека си ти?“ и дозна за болната семејна трагедија и деталите кои претходеле на самоубиството на неговиот прадедо.
Во емисијата, Редклиф дозна детали за својот прадедо Семејл Грешон, кој држел семејна златара, која во 1936 година била ограбена. Крадецот однел накит во вредност од околу 3.000 долари.
U Бидејќи бил исплашен дека нема да може да ја исплати штетата на осигурителната куќа, Семејл не можел да се избори со притисокот и се самоубил, пренесува „Independent“.
“Се што би посакал сега е да можам да се вратам во минатото и да му кажам дека покрај сето она низ кое тој минувал, имал уште многу работи кои можел да им ги пружи на луѓето околу него, кои и до ден денес го сакат„ – изјави во видеото Редклиф.