ВИДЕО: Дуелот Шкупи - Шкендија нема да се доигра, инцидентот пресуди за прекинот

Дуелот меѓу Шкупи и Шкендија во Скопје од четвртфиналето на Купот е прекинат по само 9 минути игра, откако Елези погоди за водство на тетовчани, реагираше кон публиката, и потоа настана инцидент на „Чаир“.

Мечот беше во прекин по само 9 минути игра, Елези ја доведе Шкендија во водство, се радуваше а тоа не им се допадна на навивачите на Шкупи.

Откако мечот беше долго во прекин, немаше услови да продолжи и нема да се доигра, се очекува одлука на „зелена маса“, од страна на натпреварувачката комисија, а извесно е дека Шкендија ќе оди во полуфиналето на Купот на Македонија, а Шкупи го очекува сериозна казна.

ВИДЕО ОД ИНЦИДЕНТОТ:

https://twitter.com/dribling2021/status/1590323458420117505