(ВИДЕО) Киану Ривс повторно ги воодушеви фановите!
На интернет се појави снимка на која се гледа како Киану вежба за филмот „John Wick 3“, а кога ќе видите како управува со оружје, ќе сфатите зошто со него никој не смее да се расправа...
Ова е долгоочекуваното продолжение на акциониот филм, во кој Киану Ривс едноставно ја воодушеви публиката, но и критичарите. Она што најмногу го издвојува Киану Ривс од останатите е фактот дека сака да работи постојано и не се плаши да научи нешто ново. Токму поради таа причина, тој прифати да помине низ доста интензивен тренинг, за да се припреми за улогата на убиец.
Неговиот тренинг бил исклучиво тежок. 8 часа, 5 дена во неделата – толку тренирал Киану за да го постигне Џон Вик.
Боречките вештини и управувањето со оружје, биле две од дисциплините кои морал да ги совлада и неговите инструктори велат дека тој е роден талент. Тие изјавија дека никогаш досега немаат видено актер кој толку псовето си ја врши својата работа и кој е спремен од се да се откаже, во име на својата улога.
Актерката Хали Бери, била присутна на неговите тренинзи и не можела да го сокрие своето воодушевување кога го видела Киану како управува со пушките.
Погледнете што се правеше популарниот актер, за да се припреми за својата улога: