Видео кое го обиколи светот: Маж јаде ќебап пред активисти за права на животните -„Имате крв на лицето и рацете“
Еден маж, кој сè уште не е идентификуван, е снимен во
саботата како го јаде својот ќебап пред продавница во Њујорк, каде што групите
за заштита на животните протестираа пред неколку продавници поради употребата
на производи од животинско потекло.
Како што може да се види на видеото објавено на социјалните мрежи, тој застанал пред активистите и почнал да си го јаде ќебапот.
- Одвратен си. Што се замислуваш дека си? Ти си кукавица, ти си само ебана кукавица, му рекол еден активист, пишува Дејли мејл.
- Ти си го*но и срам, продолжи жената.
Активистите продолжија да му викаат на човекот кој кимна со главата и се преправаше дека ги лиже остатоците од неговата храна.
Njujork
— Igor Čobanović (@DaZivimSan) August 28, 2022
Lik otišao na protest vegana da jede kebab pic.twitter.com/8qIBKGpUuJ
- Имаш крв на лицето и рацете, жената продолжи да вреска по него.
- Срам, срам, срам, викаа додека си оди.
Видеото досега е прегледано над 564.200 пати и собра повеќе од 16.800 лајкови на Твитер.
Фото и Видео: Твитер