VISA Business од Силк Роуд Банка: Eдинствена бизнис картичка со поврат на средства во државата

Имајќи ги во предвид зголемените цени  на нафтените деривати  и горива ,  VISA Business картичката  на Силк Роуд Банка АД Скопје  нуди дополнителна  и  единствена  можност за загарантиран  поврат на средства со направени трансакции на сите бензински станици и патарини . Имено, со сите направени трансакции со картичката на сите бензински станици и патарини во државата, корисниците добиваат загарантиран поврат на средства од 3%, односно 5%.

„По лансирањето минатата година на домашниот пазар на првата VISA Business припејд картичка за компании, како плод на меѓусебната успешна соработка помеѓу Силк Роуд Банка и глобалниот реномиран финансиски бренд VISA, воведуваме нова и единствена можност која ја нуди оваа картичка за компании во вид на загарантиран поврат на средства со направени трансакции со истата. Со сите направени трансакции до 31.12.2021 година со картичката на сите бензински станици во државата, корисниците добиваат загарантиран 3% поврат на средства од износот на направената трансакција, односно 5% поврат на средства со направени трансакции на сите патарини во државата. Имајќи ги во предвид бенефитите кои ги нуди картичката, веруваме дека ќе биде позитивно прифатена од страна на компаниите при извршувањето на нивните секојдневни работни ангажмани“, изјавија од Службата за картично работење во Банката.

Visa Business припејд картичката за правни лица нуди олеснителна можност на компаниите во заштеда на време и пари со намалување на трошоци при обработка на платниот список, зголемување на ефикасноста на процесите во компанијата и промовирање на лојалноста на вработените.

Дополнителни информации за картичката, може да добиете во сите експозитури на Силк Роуд Банка, на веб страната или профилите на социјални мрежи или на телефонскиот број 02/3203-555.

ПР објава