Висок холестерол и триглицериди: М-р фарм. Кирил Пецевски открива како да ги намалите на природен начин?
Голем дел од популацијата во средна возраст, а за жал се повеќе и помладите генерации се соочуваат со покачени вредности на масти во крвта (холестерол и триглицериди) – појава која се нарекува хиперлипидемија. Претставува сериозна закана по нашето здравје која е во директна корелација со појавата на атеросклероза, покачениот крвен притисок и срцевиот инфаркт. Мора да ја сфатиме сериозно, да ја разбереме нејзината етиологија и да го направиме вистинскиот избор во нејзината терапија и животните навики, пред се во исхраната.
1.Кога ќе се спомне холестерол и триглицериди, веднаш помислуваме на нешто штетно и опасно. Што се тие всушност и дали организмот има некаква корист од нив?
Напротив, зборуваме за масти кои се дел од човечкиот организам и се непоходни за негово нормално функционирање. Холестеролот е супстанца (стероид) којшто е неопходен за животот. Се произведува во црниот дроб, но го внесуваме и преку храната од животинско потекло. Тој е составен дел од мембраните на сите клетки во ткивата и органите. Исто така, преставува дел и од хормоните за раст, развој и репродукција , како и дел од жолчните киселини кои се неопходни во варењето на храната. Неопходен е и за синтеза на витаминот Д, кој е потребен за одржување здрави коски, производство на инсулин, заштита на нервниот и имунолошкиот систем на организмот и многу други значајни функции.
2.Во кои граници треба да се движат холестеролот и триглицеридите во крвта?
И покрај нивната неопходност, холестеролот и триглицеридите стануваат штетни ако ги има во повисоки концентрации во крвта. Постојат нормални т.н референтни вредности кои треба да се движат во одредени граници. Мала количина од холестеролот циркулира во крвта во комплексни честички наречени липопротеини класифицирани како HDL, LDL и VLDL. HDL (добриот холестерол) го носи вишокот на холестерол за отстранување. LDL (лошиот холестерол) го депонира холестеролот во ткивата и органите. Вкупниот холестерол (LDL и HDL) треба да изнесува максимум 5.2 mmol/L, LDL помалку од 3 mmol/L, а HDL треба да е над 1 mmol/L.
Обично, се започнува од нарушениот метаболизам на мастите во организмот односно од нивното неправилно искористување и разградување. Црниот дроб, т.е ензимите и жолчните соли кои ги создава, се одговорни за регулација на нивото на холестеролот и триглицеридите во крвта. Ако тука не функционира се како што треба, се отвора патот за појава на кардиоваскуларни нарушувања.
3.Кои сепричините и до какви последици може да доведе нерегулираниот статус на липидите во крвта?
Причините треба да се бараат пред се во начинот на исхрана и стилот на живеење, а не треба да се занемари и наследниот фактор. Гените може да влијаат на метаболизмот на LDL (лошиот) холестерол. Луѓето со фамилијарно пореметување на холестеролот во крвта имаат зголемен ризик од рана срцева болест. Многу поретко причина се заболувања на тироидната жлезда (хипотироидизам), црниот дроб или бубрезите.
*Внесување на повеќе калории отколку што се трошат односно консумирање брзи јаглехидрати (шеќери): слатки, бело брашно и бели тестенини, премногу заситени масти во исхраната (свинско, јагнешко месо), алкохол, прескокнување појадок и консумирање грицки помеѓу оброците.Ова неизбежно води кон зголемување на телесната тежина т.е дебелеење.
* Физичка неактивност или напротив редовната физичка активност може да го намали нивото на триглицериди во крвта и да го зголеми нивото на HDL (добриот) холестерол.
* Психички стрес - тогаш се покачува нивото на хормоните на стресот, а холестеролот расте бидејќи е неопходен за нивно создавање.
Не треба да се занемари фактот дека кај лицата на возраст над 60 години, па дури и после 50-тата година со почетокот на менопауза или андропауза расте нивото на холестерол поради намалување на нивото на репродуктивните хормони кои ги создава холестеролот.
4.Со каква терапија треба да се започне во случај на покачен холестерол и триглицериди?
Но, доколку покачените вредности на холестеролот или триглицеридите се малку над граничните,треба да се препорачаат суплементи, природни препарати за намалување на мастите, а тука предничат омега-3 масни киселини, црвениот ориз и артичоката.
5.Кои се природните решенија и које механизмот на нивното дејство?
Омега-3 често се сметаат за природен лек за кардиоваскуларни болести, но особено имаат голема улога во намалување на триглицеридите во крвта. Научно се идентификувани три есенцијални омега-3 масни киселини чиј внес е неопходен за нормална функција на телесните процеси. Еикосапентаноичната (EPA) и докозахексаноичната (DHA) се масни киселини кои доминантно се наоѓаат во рибата, морските плодови и алгите. Алфа-линолеинската киселина (ALA) е примарно застапена во растителниот свет, ја наоѓаме во оревите, семето од ленот, семето од коноп или растителните масла.
Би ја истакнале улогата и на црвениот ориз и артичоката кои во својот состав содржат одредени супстанции со кои подеднакво ефикасно може да се регулира нивото на холестеролот и триглицеридите исто како со хемиските препарати. Црвениот оризизобилува со активни состојки - Монаколиникои се сметаат за природни статини. Тие ја стопираат синтезата на холестерол во црниот дроб, а со зголемување на одговорот на LDL-cрецепторите во црниот дроб и екстрахепаталните ткива се постигнува намалување на концентрацијата на холестерол и во плазмата.
Артичоката пак, ја поттикнува работата на црниот дроб, односно лачењето на жолчка која ги преработува мастите кои ги внесуваме со исхраната. Таа го намалува нивото на лошиот LDL холестерол, а го зголемува „добриот“ HDL холестерол. За разлика од статините артичоката не ја намалува синтезата на холестерол, туку само ја зголемува неговата разградба.
6.Гарантираат ли ефикасност во лекувањето природните препарати и колку е безбедна нивната употреба?
Веќе споменатите природни супстанци (Омега 3, Монаколин од црвен ориз, екстракт од артичока) се достапни во препарати – додатоци во исхраната каде се застапени во стандардизирани дози. Студиите докажале дека внесот на стандардизирани количини од EPA и DHA има тераписки ефект кај превенција и поддршка во лекување срцеви заболувања, како што се миокарден инфаркт или аритмија, потоа кај зголемен крвен притисок, во терапија на хиперхолестеролемија, хипертриглицеридемија. Доза од 10 мг Монаколин К во текот на два до три месеци дневно е доволна за снижување и за одржување на нормалното ниво на холестерол во крвта. Преку клинички студии е утврдена неговата ефикасност во намалувањето на триглицеридите и холестеролот т.е испитувањата покажале намалување на вредностите на триглицеридите и вкупниот холестерол за 26%. Благодарение на бројните студии кои ги документираат горенаведените дејства постои одобрено здравствено тврдење: „monakolin K од ферментиран црвен ориз придонесува за одржување на нормалното ниво на холестерол во крвта“.
Од друга страна,имаме отсуство на несаканите ефекти карактеристични за хемиските статини - најчеста несакана реакција е мускулната болка, потоа главоболка, зашеметеност, запек, хиперзензитивни кожни реакции итн. Идеални се за пациенти кои не ги поднесуваат статините, а стандардизираните дози најчесто овозможуваат едноставно дозирање – еднаш дневно. Исто така терапијата со статините најчесто е доживотна, а употребата на природните додатоци во исхрана може да се прекине по нормализирање на состојбата.
7.Можно ли е избегнување на било каква терапија и регулирање на маснотиите во крвта само преку здрави промени во начинот на живот?
Како што видовме решенијата се всушност дел од нашата исхрана и треба само да научиме кога и како правилно да ги искористиме. Со промена на животниот стил и прехранбени навики, може да се намали холестеролот и да се успори процесот на атеросклероза. Најмалку што може да направиме е да јадеме риба барем двапати седмично. Се препорачува консумирање на лосос, туна, сардина и езерска пастрмка. Од месото е дозволено пилешко, мисиркино, телешко, а од млечните производи: јогурт, кисело млеко, кефир и посни сирења во мали количини. Црн ‘ржан леб, лебови од цело зрно, проја, леб од безглутенски брашна, интегрални тестенини,сите зеленчуци се дозволени да се јадат варени или во свеж облик, а од овошје: јаболки, круши, портокали, лимон, мандарини, дуња, јагоди, малини, капини, боровинки, јаткасти плодови. Користете ладно цедени масла (маслиново, пченкарно, сончогледово, ленено, сусамово). Во умерени количини внесувајте чај и кафе без шеќер, минерална вода, природни сокови без шеќер. Започнете со физичка активност барем три пати неделно, пешачете и трудете се да останете што е можно повеќе подвижни.
* ПР - објава