Влакнести и впечатливи: Македонски „брадоњи“
Ги одржуваат постојано. Ги негуваат секој ден, а жените ги обожаваат.
Брадата со векови се поврзувала со мудрост, моќ и зрелост, како и со олицетворение на зли и опасни мажи. Со оглед на тоа што трендовите се менуваат со голема брзина, прашање е само на време пред да се повтори историјата - брадата и мустаќите некогаш беа симболи на моќ! Во средниот век, постоело непишано правило дека допирањето на брадата на друг маж е голема навреда. Исто така, скоро и да немаше крал без брада.
Истражувањата покажуваат дека 98 проценти од мажите на „Форбс“, кај 100 најбогати мажи кои се на листата, немаат брада. Од друга страна, дури 98 проценти од светските мотоциклисти, каубои, воини и други „опасни момци“ имаат или имаа брада или мустаќи. Со оглед на тоа што жените генерално сакаат „лоши“ мажи, нема што да се каже.
Долга или кратка густа брада, опуштена три дневна брада и стилизирани мустаќи, сега се носат сите видови брада. Сепак, важно е секогаш да ја одржувате брадата чиста и уредна. Без разлика кој стил или должина ќе изберете, грижата за квалитет е задолжителна.
Неколку наши познати мажи со години носат брада. По тоа се и најмногу препознатливи.
Стефан Јакимовски
Долг период има брада и мустаќи. Манекенот скоро во секој свој професионален ангажман ја има брадата и не ја бричи без разлика на маркетиншките потреби. Препознатлив е токму поради ваквиот изглед.
Стефан и Мартин- „Некст Тајм“
Ги видовме и без бради, но некако со бради изгледаат многу по моќно. Близаците имаат долги и густи бради, но и густа коса. Секогаш им се уредно средени и ги одржуваат постојано.
Сашко Коцев
Не би бил тоа што е ако нема брада. Актерот носел и куса и долга брада и секогаш е интересен. Tаа му е составен дел од имиџот. За потребите на неговата професионална кариера често знае и да ја потстриже, ама затоа после тоа ја чува со години.
Небојша Толески