ВМФЛ-ЗАПАД: Воска стигна до бод во Кратово, Вардар останува второлигаш

Силекс и Воска одиграа нерешено 1-1, а Вардар  запиша победа со Кораби на гости (1-2), ова значи дека екипата на Воска оди во баражот за пласман во ПМФЛ  од конкуренцијата на ВМФЛ-ЗАПАД.

Силекс од претходно обезбеди прволигашки статус, а денес одигра нерешно со Воска ( 1-1), на гостите им беше потребен бод за бараж.

Воска во Кратово поведе со голот на Ристе Илијовски, Танушев израмни на  1-1.

Вардар поведе со голот на Давид Велковски од 24 минута, подоцна во 36 минута Петковски зголеми на 0-2, домашните намалија  преку Еркан Шаип за конечни 1-2. 

Резултати

Силекс – Воска 1-1

Кораби – Вардар 1-2

Беса – Кадино 7-2

Велешта – Гостивар 1-2

Охрид – Тетекс 2-0