Во Македонија искоцкани над 210 милиони евра! Кои се најголемите казина и коцкарници?
Дали е Македонија царство на казина, слот машини и автомати за коцкање, станува ли мека за интернет коцкање? Коцкарските компании во земјава (регистрирани како големи и средни фирми) во 2018 година направиле приходи кои надминуваат 210 милиони евра. Станува збор за 17 компании меѓу кои има казина, организатори на коцкање на автомати, слот машини, а има и интернет коцкање. Навистина спортските обложувалници не можат да се мерат со надоаѓачкиот тренд на „коцкање на струја„ без разлика дали се работи за казина, автомати, слот машини или компјутерски апликации кои овозможуваат глобално коцкање...
Бројките се немилосрдни и покажуваат дека во нашата мала земја има бизнис за дејностите за коцкање.
Принцез Хотел Казино на граничниот премин „Богородица“ во близина на Гевгелија е најголемата коцкарница од аспект на остварениот приход во 2018 година. Тој изнесува 40,5 милиони евра, а остварената добивка е 372.000 евра. Сопственици се локалната фирма „Принцес Гроуп“ од Гевгелија и „Ирада“ од даночниот и банкарски рај во јужногерманските Алпи – кнежевството Лиштенштајн.
Кои други казина се најпосетени во земјава и колку профит оствариле прочитајте на Фактор.мк