Во текот на ноќта регистрирани неколку земјотреси во Петриња, Хрватска: Најсилниот бил 3,7 степени по Рихтер

И оваа ноќ не помина мирно во пошироката област Петриња, Хрватска. Најмалку четири земјотреси се регистрирани во текот на ноќта.

Најсилниот бил во 4:36 часот, со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала, потоа во 5:30 часот со 3,1 степени според Рихтеровата скала и во 6:25 часот исто така со 3,1 степен по Рихтер. Ова се бројки на ЕМСЦ. Сеизмолошкиот институт ги објави следниве податоци:

"Синоќа, на 31 декември 2020 година, во 4 часот и 43 минути, сеизмолозите од Сеизмолошката служба забележаа умерен земјотрес со епицентар кај Петриња. Големината на земјотресот бил3,7 според по Рихтер, а интензитетот бил во епицентарот на 5 степен од скалата ЕМС".

Да потсетиме, Хрватска вчераутрото беше потресена од земјотрес од 4,8 степени според Рихтеровата скала. Слична ситуација се очекува во наредните денови, па дури и недели, предупредуваат сеизмолозите.

Дел од жителите со земјотресот погодената област ја поминаа и втората ноќ надвор.


Фото: Screenshot/EMSC