Војвотката враќа жестоко: Меган Маркл го нарече кралското семејство- ФИРМА
Војвотката од Сасекс го обвини кралското семејство за „овековечување на невистини“ за неа и принцот Хари, според вториот тизер трејлер од нивното многу очекувано интервју со Опра Винфри, нарекувајќи го кралското семјество- „Фирмата“.
Клипот од нивното закажано интервју, беше објавен во раните утрински часови во четвртокот, а целиот разговор беше најавен како невиден увид во краткото искуство на двојката како кралски работници и одлуките за нивното преселување во Америка.
Војвотката од Сасекс беше прашана како се чувствува за тоа дека Бакингемската палата ќе одговори кога ќе ја слушне дека, како што рече Меган- „денес ја зборува својата вистина“.
„Не знам како можеа да очекуваат дека, после сето ова време, сепак ќе молчевме ако постои активна улога што Фирмата ја игра во овековечување на лагите за нас“, посочи Маркл.
„И, ако тоа доаѓа со ризик од губење работи, мислам, ... има многу што веќе се изгубени.
Тизерот од 30 секунди беше објавен откако Бакингемската палата во средата објави дека ќе започне истрага за обвинувањата во кои поранешни членови на персоналот тврдат дека Меган ги малтретирала.
Во извештајот на „Тајмс“ се тврди дека војвотката протерала двајца лични асистенти, вклучувајќи еден член кој бил „уништен“ и друг кој се расплакал пред да замине. Тврдеа и дека вработените во палатата Кенсингтон биле „понижувани“ неколку пати.
Портпаролот на Меган одговори на извештајот нарекувајќи го „кампања со клевети“ што особено ја вознемири војвотката затоа што таа била „цел на силеџиство и е длабоко посветена на поддршка на оние кои доживеале болка и траума“
Пред палатата да објави соопштение за истраги, Меган сугерираше дека обвинувањата против неа биле темпирани за да го нарушат интервјуто кај Опра, цитира Гардијан од неименувани извори.
Портпаролот на двојката исто така рече дека „не случајно се искривени обвинувањата стари неколку години а насочени кон поткопување на војвотката“ и дека сето ова им се соопштува на британските медиуми непосредно пред интервјуто каде тие „ќе зборуваат отворено и искрено за своето искуство во последниве години".