Вртоглав пад на цената на златото заради коронавирусот
Цените на скапоцените метали паѓаат затоа што инвеститорите не веруваат дека се преземени сите мерки од страна на централните банки за стабилизирање на пазарот…
Во неделата стапките на Федералните резерви на САД беа донесени на нула, додека официјалните лица ветија дека ќе „испумпаат“ 700 милијарди долари во домашната економија. Другите централни банки направија слични чекори за да избегнат немири во пазарот.
Поточно, цената на златото падна под 1.464 долари за унца минатиот понеделник, што претставува најголем пад на цената на овој скапоцен метал од 1983 година. Иако обично се смета за безбедна инвестиција, златото сега е првото нешто што инвеститорите го продаваат, со цел да ги покријат своите позиции на други пазари.
Покрај златото, паѓаат и цените на другите скапоцени метали, при што среброто паѓа за 14% и чини 12,61 долари за унца, достигнувајќи ја својата најниска вредност во изминатите десет години. Цената на платина опадна за 26%, така што една унца сега чини 564 долари, што е најниска од 2002 година. Паладиум падна за десет проценти на 1.626,53 долари за унца.
Дали има сигурна инвестиција во време на глобална пандемија и жестоки мерки што земјите ги преземаат за да ги заштитат своите граѓани? Веројатно ќе дознаеме во наредните денови.