Врвно британско образование во регионот преку СИТИ Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк
Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, СИТИ Колеџ е единствена меѓународна институција која што им овозможува на студентите во регионот да имаат директен пристап до врвно британско образование. Како интегриран ентитет на Универзитетот Јорк, претставува центар за поврзување на академските, истражувачките, националните и корпоративните мрежи низ целиот регион.
СИТИ Колеџот за додипломски и постдипломски студии нуди разновидна и високо квалитетна едукативна програма со најатрактивните и најкомпетитивни студиски дисциплини во одделите Бизнис администрација и економија, Психологија, Компјутерски науки, Студии по англиски студии и Општествени и хуманистички науки.
Исклучителноста на СИТИ Колеџ произлегува и од академскиот кадар, професори со меѓународно искуство и знаење поддржано од долгогодишна практична и теоретска надградба. Токму професорите објаснуваат какви перспективи за студентите овозможува СИТИ Колеџ и зошто се издвојува од другите.
„Образовната програма на СИТИ Колеџ, која води до диплома по бизнис студии, им дава на студентите вештини и знаења кои се директно применливи во сите аспекти на современиот деловен свет. Без разлика дали се работи за планирање, анализа, вмрежување или организирање, нашата програма им помага на идните професионалци кои се стремат да развијат клучни компетенции кои ќе ги прошират нивните кариерни перспективи и на крајот ќе доведат до успех! Нашата програма е дизајнирана така што на уникатен начин ги спојува практичниот аспект со теоретската рамка, со што ги образува луѓето во одлични менаџери и вистински лидери. Посебно внимание се посветува на развивање на „деликатните“ вештини на поединците, кои се од суштинско значење во сегашното деловно опкружување; нешто што обично не може да се научи, но успеавме постојано и континуирано да ги вклучиме во нашата наставна програма. Овде, студентите учат со истражувачка работа и со примена; не само со читање. Нашите дипломци се навистина подготвени да управуваат со компанија веднаш штом ќе завршат со нивните студии“, вели Крис Лиасидис, вонреден професор на Одделението за бизнис администрација и економија.
Еден од најатрактивните оддели на СИТИ Колеџ е Одделот за компјутерски науки кој што е акредитиран од Британското компјутерско друштво, а нуди широк спектар ажурирани, наставни програми кои се во тек со технолошкиот развој на индустријата и се апдејтирани со постојани истражувања.
„Нашите програми комбинираат академска теорија со практична примена, дизајнирана да ги опреми студентите со знаењата, вештините и атрибути потребни за да станат добро образовани, успешни професионалци. Применуваме пристап кој што е насочен кон студентите, континуирано нудејќи им силна академска поддршка. Обезбедуваме одличен квалитет на образованието, што се рефлектира во инспиративните и иновативни методи на настава, учење и оценување. Студентите не само што учат во мултикултурна средина која што поттикнува професионализам, туку имаат можност да присуствуваат и учествуваат во различни воннаставни активности. Нашите дипломци се високо квалификувани ИТ професионалци кои продолжуваат со успешна кариера во конкурентната глобална индустрија, работејќи за истакнати компании. Со високи стандарди на извонредност, можности за развој и силни индустриски врски, нашите програми се одличен избор за секој што сака да продолжи кариера во компјутерските науки“, според Јоана Стаматополу, Академски директор за додипломски студии и вонреден професор на Катедра за компјутерски науки.
СИТИ Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк е дел од заедницата на Универзитетот Јорк, водечка британска академска институција, член на престижната Russel група. Така дипломираните студенти добиваат диплома од Универзитетот Јорк еден од најдобрите светски високообразовни центри со инспиративна настава и опширна истражувачка програма. Универзитетот Јорк е на 139то место во светот, според Times Higher Education (THE) за 2023 година.
ПР објава